Топ 5 најпродавани козметички производи од познатите марки во 2016 година

И козметичките производи, како и модните парчиња, се појавуваат од сезона во сезона, но додека некои како да имаат свој „рок на траење“, други остануваат барани на пазарот без разлика на сезоната, со години.

И додека на експертите од козметичките индустрии не им оди баш од рака да направат релевантна листа на најдобри козметички производи од секоја марка (зашто за вкусовите не може да се дискутира), водејќи се според податоците од продажбите ширум светот полесно се прави прецизна листа на најпродавани производи од секоја козметичка марка.

Еве ги топ 5-те козметички производи најпродавани во 2016 година.

Веројатно и вие ќе се зачудите, како што се изненадивме и ние, но од низата прекрасни кармини и сенки од популарната козметичка куќа MAC, најпродаван производ е фиксаторот на шминка, кој се употребува, секако, откако ќе се нашминкате.

Prep + Prime Fix+ Finishing Mist, Мac

Низата на прекрасни пудри по кои се познати Maybelline , не успеа да ја надмине продажбата на производот наменет за прикривање на темните кругови околу очите. Тоа е најпродаваниот производ од оваа прочуена козметичка куќа, што повторно е за чудење, нели?

Age Rewind Eraser Dark Circle Treatment Concealer, Maybelline

Од козметичката куќа Nars, суперпопуларна по лаковите за нокти, најпродаван производ е – коректорот.

Radiant Creamy Concealer Nars

Најпродаван производ од Make up forever, козметичка компанија позната по пристапните цени, не се моливчињата и кармините за усни туку тоа е течната пудра.

Ultra HD Invisible Cover Foundation, Make up forever

 

А доколку се прашувате кој е најпродаваниот производ од омилената козметичка куќа  LOreal Paris, не, тоа не се боите за коса наменети за широка потрошувачка, туку е црната маскара.

Voluminous Carbon Black Mascara

 

 

 

 

x

Check Also

Кира Најтли во кампањата на новиот парфем од Шанел

Глумицата Кира Најтли повторно е ангажирана од француската куќа Шанел за промоција ...