Топ 5 парфеми на база на чоколадо

Парфемите на база на чоколадо се омилени за оние кои ја сакаат слатката миризба, воглавно се силни парфеми и во миризбата се инспирирани од слаткарниците.

Секако, меѓу нив има и онакви кои се повеќе на база на какао, а со тоа не се слатки парфеми, туку елегантни. Знаевте ли дека пачули има нота која потсетува на чоколадо? А пачулито најдобро се комбинира со „чоколадните ноти“ како оние од портокал и ванила.

Меѓу слатките парфеми на база на чоколадо најпопуларен е парфемот „Angel“ од Thierry Mugler. Всушност овој е и првиот парфем кој доживеа огромен успех на пазарот, благодарение на чоколадните ноти. Денес, од комерцијалните брендови, успех постигнаа и „Black Orchid“ од Tom Ford и, за машката публика, Valentino Uomo.

Два славни парфеми на база на како пак, се издвојуваат меѓу останатите. Тоа се парфемите „Bornéo 1834“ и Santal Majuscule од Serge Lutens. Многу елегантни, и двата парфеми содржат освен ноти на какао и ориентални ноти.

Па доколку си барате парфем кој во миризбата потсетува на слаткарница, еве ги најпопуларните пет.

Thierry Mugler Angel- Славниот парфем содржи слатки ноти, чоколадо, карамел и ванила, а базата му е од пачули.

Serge Lutens Bornéo 1834 – Елегантен парфем на база на какао и ориентални ноти.

Tom Ford Black Orchid – Одличен спој на слатки и цветни ноти со чоколадо, орхидеја и ванила.

Serge Lutens Santal Majuscule – Ориентален парфем, рафиниран и елегантен кој соединува една дискретна нота на какао со сандаловина.

Valentino Uomo – Ароматичен сладок парфем со ноти на кафе и чоколадо.

x

Check Also

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи ...