Тоскана, во царството на виното

Патување за оние кои знаат да уживаат
toskana 1Криза? Тоскана е веќе однапред „окупирана“ за следните шест претстојни месеци: замоците се однапред резервирани, а дегустацијата на вино пребукирана од туристичката елита која овде доаѓа од сите страни на светот за да ужива во добрата голтка, карактеристичната храна, винјардите и маслиновите полиња кои се простираат од еден до друг замок. Тука историјата дише, и како никаде во светот, може да се вратите во раниот среден век, оставајќи ја зад себе агресивноста на големите градови.

Тоскана има се: прекрасни предели, богато културно наследство, одлична храна и вонсериски вина. Но, иако во овој регион можете да се чувствувате како да сте дома, големите тоскански дарови, кои се многубројни, ќе ве збунат: што да изберете? Кое е сепак, најдоброто вино? Одговорот на ова прашање е многу субјективен, а тоа го докажуваат и безбројните светски дегустатори на винската голтка, кои доаѓаат и остануваат тука и по неколку години со цел да ја направат својата листа на најдобри десет. Но, и таа е речиси невозможно да остане иста, непроменета, зашто во Тоскана секојдневно излегуваат нови вина кои се нудат на пазарот. Сега за сега, во Тоскана можете да најдете повеќе од 5.000 различни вина, од оние со интернационален стил како Каберне и Мерлот, до елегантните Кјанти класико и Брунело ди Монталчино.

tooskana 2Еволуцијата во врвното произвотство на вино во Тоскана е повеќе од импресивна. Тука, како на ниедно друго место во светот, преку ноќ никнуваат нови винјарди, нови винарии и нови вина кои, заради конкуренцијата, мора да бидат дури и подобри од претходните.

Традицијата на произвотство на вино во Италија датира уште пред владеењето на Римското царство, и оваа земја, денес, е водечка во светот по репутацијата особено на црните вина. Многу од висококвалитетните тоскански вина своето име го носат по големите поседи и замоци кои датираат уште од Римското царство. Всушност, традицијата на виното во Италија достигнува назад до времињата кога многу народи сеуште живееле во пештери. Не помал куриозитет е дека граѓаните на Италија просечно пијат по 51 литро вино годишно. Од вино повеќе се пие само флашираната вода. Но, во Италија виното се пие од уживање, и многу ретко ќе видите некој кој веќе во претпладневните часови навратил во некое кафуле на чаша вино.

toskana 4

БИДЕТЕ ДЕГУСТАТОР

Жителите на Тоскана би требало заедно со дипломата од средно училиште да добијат и титула за сомелиери. Во оваа област речиси е невозможно да сретнете личност која не е перфектно изверзирана не само во однос на квалитетот и цената на виното, туку и во тоа кое вино со какви јадења оди. Ист е случајот и со локалните тратории и ресторани. Во секој од нив, пред било што да порачате, ќе ве послужат со чаша спуманте (пенливо вино) како аперитив. Дури 14 отсто од вкупното произвотство на вино оди на пенливите вина.
toskana 3Полна со замоци, распространети еден од друг на оддалеченост од најмалку 500 метри, Тоскана треба да се доживее и преку сите свои историски наследства. Нови градби, наоколу, е невозможно да пресретнете, а и доколку случајно постојат тие се изградени во идентичниот, специфичен тоскански стил во кој каменот и дрвото доминираат. Во добар дел од замоците се сместени винарските подруми кои фасцинираат, а тука се и нивните сопственици – производителите на виното – кои ќе ви ја раскажат приказната од тоа како се прави виното, до како треба да ја изведете дегустацијата. Самиот чин е свечен, иако добивате впечаток дека сте заглавени некаде во раниот среден век, современите машини кои ве опкружуваат ќе ве „разбудат од сонот“ и повторно ќе ве вратат во софистицираната сегашност. Чинот на дегустација за секој обичен човек изгледа како да откривате нешто мошне мистериозно. Дегустаторот се служи исклучиво со сетилата, и токму затоа треба да биде заштитен од сите влијанија кои би можеле да го свртат вниманието од виното кое го пробува: просторијата во која се извршува дегустацијата не смее да има мебел или било какви предмети кои би ја нарушиле атмосферата, треба да биде соодветно голема, а ѕидовите да бидат обоени со смирени бои. Во таква просторија, влажноста на воздухот треба да биде 80 отсто, а температурата околу 20 степени.

toskana 9На дегустацијата има влијание и самата чаша во која се точи виното (дегустаторска чаша). Од нив на масата има повеќе: совршено суви, беспрекорно чисти и без миризба. Тука се и лебот, сирењето, пршутата и киселите јаболка за „пресекување“ на вкусот. Како дегустатор треба да внимавате кога ќе го тестирате виното, да не бидете претходно најадени, но и за време на дегустацијата да не консумирате премногу од храната. Чинот трае најмногу еден час и не смее да се дегустираат повеќе од 15 примероци различно вино. Примероците се секако, анонимни, а кога ќе се одлучите кое вино најмногу ви се допаѓа ги добивате сите информации за него.

Во овие замоци, шише ексклузивно вино може да си купите за 10 до 15 евра, односно само за десетина отсто од цената која овие „вина“ ја држат во рестораните низ светот.

ОГЛЕДУВАЊЕ, МИРИСАЊЕ, ПРОБА…

Дегустацијата има три чекори кои не треба да се прескокнат. Првиот е огледувањето на виното, при што чашата се држи на масата, виното се точи и ние ја гледаме неговата површина, бистрина, боја, и интензитетот и густината на виното. Мирисањето има три чина: дегустаторот се издишува, го спушта носот во чашата и вдишува со полни бели дробови. Потоа со лесно кружно движење на чашата го мириса виното, за најпосле да ја сврти чашата од десно на лево за да помириса уште еднаш. Дури потоа следува пробувањето. Во устата се испива голтка до две голтки вино, главата се спушта наназад за голтките да можат да се задржат повеќе во вратот и повторно се враќа главата нанапред за виното да се врати во устата. Тоа е тој, всушност, најважен миг за тестирање во кој треба да ја извлечете душата на виното, „ловејќи“ ги сите негови најважни карактеристики. Дури потоа можете да се релаксирате, пуштајќи го слободно виното да ви минува низ грлото.
toskana 5Редоследот на дегустирање на различни вина е подеднакво значаен. Прво се пробуваат белите вина, потоа црните, потоа полу-пенливите, пенливите и на самиот крај слатките вина. И кај белите вина постои строг редослед: се почнува од сувите, прилично кисели и слабо екстрактни вина, преминувајќи кон средно-киселите до силните, полни вина. Младите вина треба да имаат предност во дегустацијата пред старите, кои се пробуваат последни.

Ви изгледа комплицирано? Без разлика колкав аматер да сте, во овие мигови ќе се почувствувате како вистински дегустатор. Секако, благодарение на стручноста на луѓето од замокот кои ќе ве водат низ чекорите на дегустирањето.

 ЧУВСТВО КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ

Секоја тосканска област си има свои фаворити кога е во прашање виното. Кјанти Класико е синоним за светски познатата област Кјанти. Ова вино го дегустиравме во замокот „Ил Палаџо“ изграден во 1252-та година. Во самиот замок се наоѓаат и винските подруми, мала црквичка и соби за дегустација, иако многумина инсистираат дегустацијата да ја прават во прекрасната природа, во дворот кој плени со перфектно средената градина. Од левата и десната страна, каде и да ја свртите главата до недоглед се простираат винјардите. Чувството не може да се опише. Тука, во замокот „Ил Палаџо“ италијанската автомобилска компанија „Ферари“ често ги собира своите ценети гости од светот за да им ги открие убавините на нивната Италија.
toskana 7Кјанти Класико се произведува само во ограничена географска област во Тоскана. Виното има топла рубин-црвена боја и буке на свежо овошје кое потсетува на свежи вишни или во зависност од типот на Кјанти, потсетува на црвени јагоди. Вкусот кој го дава е секогаш богат, најчесто силен. Одлично оди со печено месо, салама, шунка, сирење, како и тестенини, а се сервира на температура од 18 до 20 степени. За разлика од ова популарно и светски познато вино, Монталчино е луксузно вино  со племенско потекло. Може да биде во нијанси различно во зависност од производителот, но секогаш се добива од 100 отсто Брунело грозје. Одлежува најмалку 12 месеци во буриња, а потоа уште 6 месеци во шише. Ова вино има сув и мек вкус, и силни карактеристики слични на великанот меѓу вината – Брунело.

Во замокот „Ил Палаџо“ италијанската автомобилска компанија „Ферари“ често ги собира своите ценети гости

Во замокот „Ил Палаџо“ италијанската автомобилска компанија „Ферари“ често ги собира своите ценети гости

Факт е дека виното е божји пијалак, инспирација дури и за поетите, но да не заборавиме дека тоа е денес и бизнис. Од винскиот туризам Италија годишно заработува околу 1 милијарда евра. Пакет аранжмани за дегустација има насекаде, поевтини и поскапи. Еден од поскапите, околу 500-на евра на ден, е и оној кој вклучува посетата на местото Монталчино, посета на винаријата во замокот, стручно предавање за најпознатото италијанско вино „Брунело ди Монталчино“, закуска, тестирање и кратко предавање со кои јадења треба да се консумира ова вино. И ако и дегустацијата на вина ја додадеме на произвотството и винскиот туризам ќе добиеме бројка од повеќе од 9 милијарди евра која Италија ја заработува со овие понуди. Барем, така велат Тосканците. На здравје!

Ј. К

x

Check Also

Тобоган од соништата: Висок е како 14-катница, а „летате“ со брзина од 100 километри на час

Водните паркови се вистинско решение за освежување и забава во жешките денови. ...