Тренд на неделата: Чизми со кристали од Bata

За тренд на неделата одбираме три неодоливи чифта чизми со аплицирани кристачиња од Bata.

Овие „џиџани“ чизмички може да ги најдете со висина до глуждовите (со висока, но стабилна потпетица), рамни а високи и рамни ниски. Сите три модели имаат специфичен, впечатлив детаљ – кристалчиња кои им додаваат нота на посебност и свеченост.

Удобни, ефектни и трендовски, кожените чизми од Bata ги одбираме за „маст хев“ обувки за празничниот период кога на светликавите модни парчиња им даваме предност. Рамните чизми ги носиме и во „кежуал“ пригоди, како и на работното место, а оние со висока потпетица ги резервираме за вечерни излегувања.

Безвремената црна боја прави лесно да се комбинираат и со „мали црни фустанчиња“ како и со џинс.

Погледнете ги во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Детскиот фестивал „Поточиња“ на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј

  Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња”. Новото ...