Тренд на неделата: Фустан и блуза со точкест дезен од women’secret

Непогрешлив моден избор кога се вечерните излегувања и посебните пригоди во прашање – тоа ни го гарантираат овој фустан и блуза со точкест принт од women’secret.

И овојпат women’secret ни понуди софистициран изглед со кој бездруго ќе ги собереме погледите, а ќе оставиме впечаток на дама која знае да одбере вистинско модно парче. 

Фустанот е совршен за празничната сезона кога најмногу се дружиме со најблиските, пријателите и саканите. Блузата пак, ја комбинираме со женствени панталони со висок струк или пак, со тесна сукња. Не забораваме на високите потпетици и само малку накит, зашто самите модели (за кој и да се одлучиме) се вистинските ѕвезди во празничните вечери.

Достапни се во продажба во брендираната продавница women’secret во Скопје сити мол. 

 

x

Check Also

Прекрасна колекција од Carter`s дизајнирана за празничната сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новата колекција од Carter`s ќе ви ги реши сите главоболки со дотерувањето ...