Три антички методи за блескав и младешки изглед на лицето

Во денешно време производи за разубавување и нега на лице ни се нудат во најразлични пакувања, од најразлични производители и направени од различни модерни комбинации на билки и нови формули. Некои од овие производи делуваат, некои помалку, некој пак се популарни само благодарение на маркетиншките трикчиња, во секој случај сите не „удираат“ по паричникот.

А како се негувале жените многу, многу одамна кога вакви модерни креми и маски за лице не постоеле. Се разбира, на природен начин. За волја на вистината, оние кои се негувале, имале блескави и светли лица со долгосочуван младешки изглед.

Тогаш зошто не би ги пробале овие три ефикасни антички методи за совршена кожа.

Шафран и кокосово масло

Шафран и кокосово масло

Маска за лице од шафран

Некои податоци кои зборуваат за начинот на нега кој го практикувала Клеопатра тврдат дека таа за совршена кожа и младешки изглед на лицето употребувала млеко и шафран. Дури и кога се капела во млеко, во него додавала шафран. Денес пак добар дел од Индијките го користат ваквиот третман за нега на лице. Природната маска за лице се прави лесно – ставете малку шафран во малку кокосова масло (или во млеко), во сразмерна количина, и помешајте. Смесата нанесете ја на лице и оставете ја да делува преку целата ноќ. Наутро отстранете ја со млака вода. Резултатите се неверојатни.

Маска за лице од шлаг

Се прашувате како гејшите успевале да добијат толку убав, бел и светол тен. Уште од најстарите времиња „рецептот“ за таков тен се пренесувал како голема тајна за убавината. Станува збор за маска за лице која се подготвува од 2 лажици морска сол помешана со 2 лажици шлаг (вистински шлаг, домашно подготвен, а не конзерва полна со долга листа на состојки). Маската се нанесува на лице со нежна масажа и се остава да делува час до два. Потоа се исплакнува со студена вода.

шлаг и морска сол

шлаг и морска сол

Маска за лице од зелен чај

Уште еден трик за младешки изглед доаѓа повторно од гејшите. За нивната кожа да изгледа светла и свежа употребувале зелен чај. За да го направите тоа што го прават гејшите, помешајте 1 филџан топол зелен чај со половина филан мелен овес и додадете 1 згмечено авокадо и цеден сок од половина лимон. Откако се добро ќе измешате и ќе добиете паста, нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува 20 минути. Отстранете ја со млака вода.

x

Check Also

Тренд на коса – сите луди по „блоранџ“

Новиот тренд на коса се вика  Blorange (блоранџ), а претставува комбинација на ...