Три фризури кои го прават лицето визуелно послабо

Имате тркалезно лице и би сакале да изгледа визуелно потесно. Можеби фризурата која ја одбирате е погрешна. Еве што треба да одберете.

frizura 4

Степенаста

Ако сакате да го издолжите лицето а имате долга коса, најдобро ќе биде да ја ишишате во слоеви. Оваа фризура најдобро создава илузија на издолжено лице. При тоа водете сметка обемот на косата да се наоѓа во ниските слоеви, никако во средните.

frizura 1

Лоб (долг боб)

Актуелен подолго време и многу едноставен за одржување. Лобот прави лицето да ви изгледа потесно, односно послабо. За да го постигнете вистинскиот ефект важно е косата да биде долга неколку сантиметри под брадата (околу 3 сантиметри).

frizura 2

Коси шишки

Степенастата фризура и лобот можете да ги комбинирате со коси шишки за супер ефект. Но и ако имате куса коса кошите шишки можат да создадат ефект на издолженост на лицето. Идеални се за лицата кои мислат дека нивните очи се многу убави, со ваквата фризура дополнително ќе ги нагласат.

x

Check Also

Есенски маски за лице од грозје

Поради витамините кои ги содржи и вредните состојки кои ја чуваат убавината ...