Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го составуваат популарното креативно трио „Тојлетпејпер“, познато по гротескните модни фотографии полни со „црн хумор“, се вратија на насловната страница на списанието „Дејзд“.

t2

Нивните креативни решенија се полни со „црн хумор“, бизарни и гротексни, но подеднакво и сензуални. Триото „Тојлетпејпер“ го доби заслуженото внимание благодарение на навидум невозможните комбинации на луксуз, сексуалност и необичност преку кои станаа препознатливи.

t6

Нивната најнова серија фотографии се појавува во изданието за есен/зима 2014 на списанието „Дејзд“ промовирајќи ги модните парчиња на дизајнерот Јамамото.

t4

Секоја фотографија е „откачена“ со цел да ја претстави модната дрскост и апсурдна забава. А целиот едиторијал е надреалистички во кој „ништо не е можно и сè е можно“.

t5

t3

 

x

Check Also

Ники Минаж ја најавува есенската мода во чудесно издание

Може да ја замислите до толку елегантна? Во вакво издание не сме ...