Тројна победа за Audi на изборот на најдобри автомобили за 2016 година

Читателите на списанието “Auto Motor und sport” го изгласаа Audi најдобар производител, со што брендот освои  три први места на анкетата  „Best Cars 2016“. Audi А1 беше прогласен за најдобар мал автомобил, Audi А4 е победник на категоријата „автомобили од средна големина”, додека  Audi Q7 триумфираше во категоријата „голем SUV”.

Руперт Штадлер, претседател на одборот на AUDI AG, изјави: “Ние сме среќни со тројна победа на изборот за најдобар автомобил. Многу посакуваните награди се доказ дека имаме силно портфолио на производи, а во исто време го охрабрија нашиот тим да продолжи со одличната работа и во 2016 година”

Д-р Стефан Книрш, член на одборот за технички развој изјави: „Кај новите Audi А4 и  Audi Q7, ние вградивме широк спектар на нови системи кои се направена според последниот збор на технологијата. Оваа година кај нашите нови модели планираме исто така да вградиме иновативни технички решенија.”

Церемонијата на доделување награди се одржа во Штутгарт. „Best Cars 2016” наградите, кои се доделуваат според гласовите од анкетата спроведена од стана на  „Auto Motor und sport”  оваа година ја прослави својата 40-годишнина. Читателите избираа помеѓу 364 модели во единаесет категории. Вкупно 115.239 читатели учествуваа во анкетата.

 

x

Check Also

5 есенски фустанчиња од H&M вредни за внимание

Вљубениците во фустанчињата секако ќе продолжат да ги носат и во текот ...