Убавата саксофонистка, Александра Илиева

Струмичанката Александра Илиева студира класична музика, но експериментира и со други жанрови. Оваа убава девојка е родена во музичко семејство во кое музиката отсекогаш била центар на вниманието.

alek 190

Татко и е обоист, професор по музика, а нејзините две сестри исто така се занимаваат со музика, едната свири виолина, а другата е балерина. Александра пак, не се одвојува од саксофонот, инструмент на кој со години свири.

alek 1

alek 6

„Мислам дека убавината произлегува од самата личност. Отсекогаш сум сметала дека природната убавина е најубава одлика на секоја жена. Па така и мојата нега се одликува со сè што е на природна база и природни бои. Во мојата козметика може да се пронајдат: маскара, моливче за очи, руменило, сенки за очи и сјај за усни што само ги потенцираат цртите на моето лице“, вели Александра.

alek 19

 

За нејзиниот убав изглед не се заслужни диетите туку активниот живот полн со уметност,  спортот и здравата исхрана базирана на овошје и зеленчук.

alek 9

alek 2

Деновиве Александра е актуелна со обработката на песна на Сем Смит.

„Ми се допаѓаат емоциите што оваа песна ги буди во мене“, додава таа.

x

Check Also

Layers to Love: 5 есенски „кул“ изгледи од &Other Stories

Модната марка  &Other Stories ни сугерира нови свежи изгледи за оваа сезона. ...