Улична мода: 10 начини како да изгледате „жешко“ кога надвор е ладно

Е, студи. Но тоа не е причина да не изгледаме стокмени. А за модерен изглед потребни ни се само неколку детаљи.

Инспирирајте се од уличната мода.

Што велите за откачени чизми? Ништо таков шмек на зимскиот изглед не може да му даде како пар добри, луди чизми. Не мора со ништо да се совпаѓаат.

ulina 4

2.

Претпоставуваме, ви недостига летното фустанче. Одлична замена за него е палтото „што се врти“. Супер ако е шарено или со весели бои, а најважно е да се шири од горе надолу.

ulicna 3

3.

Големиот шал ја решава модната работа веднаш. Изгледа толку фенси без разлика што и да носите.

ulicna 2

4.

Палто од вештачко крзно и тоа во силна или нежна, пастелна боја. Слободно искомбинирајте го со различни бои на облека или чевли.

ulicna 1

5.

Може да е и само горниот дел од палтото украсен со вештачко крзно. Тоа додава драматичност на изгледот.

ulicna 4

6.

Ако немате посебна инспирација за облекување, ставете само шешир на главата и …напред!

ulicna 8

7.

Уште може да ги носите летните чевли. Овојпат со подебели црни хулахопки.

ulina 5

8.

Модерни се чизмичките со проѕирна потпетица. Доволни се за да го украдат целото внимание дури и ако ги комбинирате со застарен костум.

ulina 9

9.

Врз кусото палто облечете долго палто. Не гледајте на спарувањето на боите туку на материјалите.

ulina 6

10.

Кожени ракавици. Ништо не може да вметне толку елеганција во зимскиот изглед како пар ракавици од мека кожа.

ulicna 7

x

Check Also

10 пролетни изгледи од H&M

Подгответе се да и кажете збогум на зимата со новите пролетни модни ...