Уметноста на спарувањето на виното и храната

Во ресторанскиот бизнис насекаде во светот станува стандард присуството на сомелиери кои имаат за цел на гостите да им дадат соодветни препораки за комбинирањето на виното и храната. Вакво искуство во Македонија може да доживеете во винскиот ресторан на „Тиквеш“ во Кавадарци, каде уметноста на спарување на храната со виното е донесена до совршенство и во комбинација со автентичниот простор овозможува незаборавно доживување.

tikves 2

Кога немате професионална помош, треба да се потпрете на сопствените вештини за комбинирањето на храната и виното. Секако индивидуалниот вкус е клучен за тоа како ќе се доживее одредена комбинација на вино и храна, но сепак постојат одредени правила кој овозможуваат до израз да дојдат соодветните вкусови и карактеристики на виното и храната што се консумираат заедно. И слободно може да се каже дека изборот на виното, како за ниту еден друг пијалак, зависи од храната. Но и обратно, изборот на виното може да ја детерминира и храната која ќе се консумира.

Од бројните насоки за тоа како меѓусебно треба да бидат усогласени виното и храната, експертите за вино и гастрономите сметаат дека основно е познавањето на балансот помеѓу „тежината“ на храната и „тежината“ (телото) на виното. Така на пример полни, робусни вина како Вранец може да ги надвладеат и да ги преклопат вкусовите на лесни, деликатесни јадења какo пастрмка, или пак вината со лесно тело како Совињон блан може да бидат преклопени од „тешки“ јадења како колбаси или бифтек.

tikves

Освен „телото“ на виното, значајни се вкусовите и текстурните карактеристики на храната и виното кои може да бидат контрастни или комплементарни. Оттаму, при спарувањето исто така во предвид може да се земат шеќерот, киселината, алкохолот и танините на виното и како тие да се истакнат или минимизираат со изборот на соодветни типови на храна.

И ова веќе станува помалку комплицирано и може да обесхрабри многу од оние кои имале амбиција да ја совладаат оваа „уметност“, но едноставно не се толку упорни. И тие можат да уживаат во добрата комбинација на вино и храна со користење на едноставни готови решенија како она на нашата најголема винарница „Тиквеш“, која на својата веб страница во делот за винска едукација преку соодветна апликација им овозможува на консументите да го одберат соодветното вино за одреден тип на храна. Дополнително, „Тиквеш“ веќе извесно време има поставено таблети во одредени продажни објекти, на кои истата апликација овозможува да се избере најсоодветното вино за јадењето што ќе го подготвувате. Сега навистина немате изговор да не ги примените овие едноствани решенија и да се чувствувате посигурни кога станува збор за спарувањето храна и вино.

 

x

Check Also

Освежителен пијалак – Сангрија со праски

Освежителен пијалак кој е совршен за жешките летни денови. Дегустирајте ја популарната ...