Василичарска погача

Дегустирајте ја превкусната василичарска погача со урда во која би можеле да ставите паричка.

Од намирници потребно е: За тестото – 500 гр брашно, 2 лажички сол, 1 квасец, 2 јајца, 1 мало лажиче шеќер, 100 мл. вода, 200 мл. млеко, 150 грама маргарин. За филот – урда 500 грама, 2 јајца, 1 чаша јогурт. За премачкување – 1 јајце, малку сусам.

Подготовка

Во загреана вода ставете го квасецот и шеќерот и измешајте. Потоа во посебен сад ставете го брашното, солта, јајцата, маргаринот, млекото, а на крајот додадете го квасецот. Замесете тесто и оставете го да отстои 45 минути.

Потоа, размесете го уште еднаш тестото и поделете го на 6 дела.

Подготвуваме фил од урдата, 2-те јајца и 1 чаша јогурт. Убаво го соединуваме. Еден дел од тестото го растегнуваме и го префрламе во претходно намачкана тепсија за печење. Го мачкаме со дел од филот. Постапката ја повторуваме со секоја кора, па повторно ред фил, и тн. додека го потрошиме целиот материјал. Најгоре треба да завршиме со тесто. Премачкуваме со изматено јајце, наросуваме сусам и погачата ја ставаме да се пече на претходно загреана рерна на 250 степени. Ја печеме намалувајќи ја температурата на 200 степени, половина час, потоа погачата ја покриваме со хартија за печење за одозгоре да не прегоре и продолжуваме да ја печеме уште 20-на минути.

Погачата се служи топла.

x

Check Also

Бадникова погача со паричка

Денес е тешко да се направи рамнотежа меѓу обичаите, традицијата и модерното. ...