Вечна инспирација на модните креатори- Марија Антоанета

Последниве години акцент се става на нејзината храброст и приврзаност кон семејството, додека во поп-културата и модата секако Марија Антоанета останува и опстојува како икона на стилот, високата мода и модните иновации, постојана инспирација на дизајнерите и уметниците.

marija 2

Една реченица што вели дека ако сиромашните немаат за леб нека јадат колачи со децении се наоѓа дури и во учебниците по историја и служи да ги објасни причините за Француската револуција. Кралицата на која ѝ се припишува оваа реченица беше во еден момент најомразената личност во Франција, што сепак може да се препише и на тогашниот маркетинг на антимонархистичките сили. Но денес оваа кралица останува инспирација на многу модни дизајнери и уметници. Речиси секоја сезона во модата омаж и прави барем еден дизајнер инспириран од неа, од нејзините чевли, накит или општата снобовштина, која живее тотално надвор од реалното време.

Инспирација на уметниците и креаторите

Останува инспирација на уметниците и креаторите

Марија Антонија Јозефа Јохана е родена во Хофбург во Виена на 2 ноември 1755 година како 15-то дете на моќната царица Марија Терезија Хабзбуршка и Франц Први. Марија Антоанета и останатите деца на царицата Марија Терезија израснале на еден од дворовите со најстрого образование. Сепак како дете Марија Антоанета не била многу заинтересирана за учење, не читала и не учела јазици. Кога е договорен бракот со францускиот престолонаследник, царицата Марија Терезија увидувајќи дека ќерка и слабо ги познава обичаите и јазикот на Французите, им наредила на многубројните тутори да ја подготват принцезата за францускиот престол. Бракот со францускиот престолонаследник Луј Бурбонски,подоцна XVI е договорен за да се зацврсти сојузништвото на двете сили кои пред тоа биле во спор речиси 150 години. Марија Марија Антоанета отпатувала со 14 кочии и придружба. Од неа е побарана во симболичен гест на откажување од австриската националност, на граница да ја остави целата своја облека, се што поседува, слугите и пријателите. Дозволено и е да го задржи само своето куче. Тука, пред поворката принцезата е пресоблечена во најраскошна француска тоалета и одведена е во Стразбур на големата свеченост подготвена во нејзина чест.

maria 6

Неколку дена подоцна во Версај таа е дочекана од нејзиниот иден маж, престолонаследникот на францускиот престол, дофен Луј Август, идниот Луј XVI, младо и срамежливо момче. Свадбата е прославена во Галеријата на огледалата во Версај, а принцезата пред венчавката добила голема колекција на дијаманти кои традиционално припаѓале на француската круна. Секојдневниот живот на Марија Антоанета не бил многу интересен, била многу носталгична, тешко се свикнувала на правилата на францускиот двор на кој постоела дури и хиерархија меѓу послугата. По смртта на кралот, крунисан е Луј XVI, а младиот пар е дочекан меѓу народот со воодушевување. По крунисувањето се покажало дека Марија Антоанета нема политичко влијание на сопругот а тоа го налутило и австрискиот двор кој се надевал дека кралицата ќе го направи посилно австриското влијание во Франција. Кралицата се соочила и со прашањето зошто нема деца, па во еден миг и нејзиниот брат, престолонаследникот Јозеф II дошол во Франција за да влијае на својата сестра и кралот. Наскоро, во 1778., кралицата го раѓа првото дете, принцезата Марија Шарлота. Три години подоцна го раѓа и престолонаследникот Луј Жозеф.

marija 4

Забавата ја наоѓала во коцкање, трошење на пари и купување на дијаманти. Се зборувало дека тајно ги посетува баловите и тајните љубовници. Покрај тоа, се повеќе време минувала во дворецот Мал Тријанон чии трошоци за реновирање ги надминале секоја мера. За нејзините трошења и љубовници почнале да се прошируваат гласини, се зборувало дека е во врска дури и со братот на кралот. Во Париз се печателе илегални памфлети, кои во голема мера ја намалувале нејзината популарност. Во прилог на тоа одело и тоа што Франција во тој период била на работ на банкрот. Кардиналот Луј од Роан, пратеник на францускиот двор во Австрија, паднал во немилост заради ширење невистини за кралицата и нејзината мајка царицата Марија Терезија. Истовремено, кралицата Марија Антоанета одлучила повеќе да не купува дијаманти под изговор дека кралското семејство штеди. Кардиналот собрал пари за ѓердан за кралицата и ја испратил својата љубовница кај продавачот, која го зема ѓерданот не плаќајќи му. Кога продавачот се обратил до самата кралица за плаќање, а таа објавила дека ниту нарачала ниту го зела ѓерданот, кардиналот и грофицата се уапсени и изведени на суд. Овој скандал со ѓерданот ја зацврстил јавноста против кралицата зашто се верувало дека извела повеќемилионска измама за да го отстрани политичкиот противник, кардиналот од Роан.

Чевлите на Марија во поп културата

Чевлите на Марија во поп културата

Покрај политичката катастрофа, пред револуцијата која ќе го промени лицето на светот, кралското семејство претрпело и лична трагедија. Прво умрела најмладата од четирите деца, Софи Беатриз, а потоа и престолонаследникот се разболел од туберколоза и умрел. Во јули 1789., сменет е министерот Жак Некер и донесен баронот де Бретеј, убеден ројалист и католик. Ова за многу парижани било знак на доаѓање на кралски пресврт па поаѓаат во отворен бунт, на Бастилја, кралскиот затвор и симбол на моќта, покренувајќи ја Француската револуција. Во октомври паѓа и Версај. А кралското семејство е преместено во Тиљери. Во следниот период кралот и кралицата сфаќаат дека Републиката ќе ја уништи круната, па одлучуваат да побегнат кон исток на Франција. Но кралот го уапсуваат на половина пат и го враќаат во Париз. Антоанета се обидува да ја сочува позицијата на круната во тајни преговори со водачот на општинската фракција на уставните монархисти што успеваат да го убедат и кралот да го прифати новиот устав во септември 1791. Политиката во тој период влечела кон војна со Австрија и Прусија. На кралот тоа му одговарало зашто се надевал дека набргу Франција ќе ја изгуби таа војна и дека Австрија ќе воспостави монархија во Франција. Но револуционерите од Австрија реагирале поинаку. Го нападнале замокот Тиљери и го уапсиле кралот. Семејството е преселено во добро чувана тврдина, а во Париз беснеело насилството. Кралот е осуден на смрт за предавство и ставен на клада на 21 јануари 1793 година.Марија Антоанета ја однеле во затворот Консијерж на 2 август 1793, под името „затвореник број 280“. Судено и е на 14 октомври 1793 година, а поротата едногласно ја прогласила за виновна за предавство на земјата. Ставена е на клада на 16 октомври 1793, а според приказната последните зборови и биле „Извинете, господине“ зашто се сопнала од нозете на џелатот. Телата на Марија Антоанета, кралот и сестрата на кралот, Елизабета, погребени се во масовната гробница, а ексхумирани во 1815 година и префрлени во базиликата Сен Ден, каде што инаку се погребувале француските кралеви.

Еден од парфемите инспирирани од Марија Антоанета

Еден од парфемите инспирирани од Марија Антоанета

Марија Антоанета во историјата е прикажувана како површна, наклонета кон хедонизмот и расипништвото, а во современата историографија ова мислење е значително ревидирано. Последниве години акцент се става на нејзината храброст и приврзаност кон семејството, додека во поп-културата и модата секако Марија Антоанета останува и опстојува како икона на стилот, високата мода и модните иновации, постојана инспирација на дизајнерите и уметниците.

С. Спасиќ

 

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...