Виното зборува за вашиот карактер

Афинитетот кон одреден вид на вино многу зборува за вашиот карактер, тврдат истражувањата.

Истражувањето реализирано од Друштвото на француски винари потврдува дека афинитетот кон одреден вид на вино го открива карактерот на човекот.

vino 1

Црвено вино

Ако најчесто одбирате црвено вино, од тоа може да се заклучи дека сте многу амбициозни, кариеристи, веројатно дека добро заработувате, но и уште многу нешта. Имено, дури над половина од љубителите на црвено вино завршиле факултет, 81 отсто се задоволни со работното место, а 65 отсто и понатаму се многу амбициозни и сакаат да напредуваат во кариерата. Четвртина од оние кои уживаат во црвено вино најмалку три пати во годината патуваат во странство. Кога се опишуваат себе, најчесто одговараат дека се самоуверени, релаксирани, силни и интелигентни. Виртуалните пријателства не им се силна страна, повеќе сакаат да уживаат очи во очи.

vino 2

Бело вино

Ако ви се омилени белите вина тоа значи дека сте ведри, опуштени, практични, задоволни со својот живот, дека ја сакате домашната атмосфера, но и дека заработувате помалку од љубителите на црвено вино. Од оние кои пијат бело вино само 43 отсто имаат факултетско образование, а поголем дел не се посебно заинтересирани за успех во кариерата. Две петини од испитаниците дури и признале дека не се ни амбициозни. Одморот го минуваат најчесто во својата земја, а малку од нив имаат желба да посетат егзотични дестинации. Себе се опишуваат како практични, паметни, срамежливи, тивки…Кога станува збор за емотивниот живот дури 85 отсто се изјасниле дека се најзадоволни во соло статус.

vino 8

Розе

Повеќе од половина љубители на розе виното останале на средношколската диплома. За себе велат дека се гласни, топли и шармантни. Ги обожаваат социјалните мрежи, всушност, од нив се зависни.

x

Check Also

Вински експерти, амбасадори и љубители на виното го одбележаа Св.Трифун во „Стоби“

Стотици гости меѓу кои и амбасадорите на Холандија, Италија и Унгарија, претставници ...