Владимир Четкар: Колекционер сум на ретки историски книги

„Имам премногу страсти за еден човек. За некои можам да зборувам, а некои ќе ги зачувам само за себе. Покрај музиката, огромна страст ми е историјата. Колекционер сум на ретки, драгоцени историски книги“, вели музичарот Владимир Четкар.  

cetkar 1

Страста кон класичната историја ја има, вели, уште од кога знае за себе. Растејќи во Охрид многу често ги посетувал археолошките локалитети и таму неговата детска фантазија немала граници.

„Честопати тогаш си замислував како откривам скриени богатства, како разрешувам мистерии…Така знаев да играм до доцните часови и да заборавам да се вратам дома на време, па понекогаш моите ќе испаничеа и ќе почнеа да ме бараат. Кога се сеќавам на тој период на брзгрижна детска игра со брат ми и другарите, секогаш спонтано добивам насмевка на лицето“, вели Четкар.

Наследена од татко им Љубомир, Владимир и неговиот брат Васко од деца имаат огромна љубов кон историјата. Денес, Четкар вели дека историските книги се неговата страст.

cetkar 2

Владимир и неговиот брат Васко

„Кога заминував на студии во Бостон, открив едно волшебно место за оваа моја страст, една стара книжарница на улицата Њубери која веќе, за жал, не постои. Таму најдов неверојатни книги за античката историја на целиот Медитеран, од писатели како George Grote, John Gillies, но и стари изданија на античките историчари Ариан од Никомедиа, Плутарх, Тукидид и други“.

При секое патување Четкар секогаш наоѓа време да прошета низ книжарниците на новиот град или место, обидувајќи се да пронајде уште некоја ретка книга за да ја збогати својата колекција.

„Таквите книги ги нарекувам драгоцени. Колекционер сум на ретки историски книги. Најстарата книга која нашето семејство ја поседува е од 1720. година. Една од најомилените книги која посакувам да ја имам е Палимсетот на Архимед. Нормално, ова е само фантазија, бидејќи таа книга е веќе купена од непознат американски колекционер на книги, кој инаку е милијардер“, вели Четкар.

Ј.К.

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...