We and Nature

Во „Јавна соба“ се случува голем дизајн-базар на 9. и 10. јануари 2016

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ја организира првата голема распородажба на дизајнпроизводи со 100% македонски предзнак, која се реализира на 9. и 10. јануари од 10 до 21 часот.

di Dizajn bazar 2016 re

За прв пат мебел, облека, накит, аксесоари и други производи од младите македонски брендови се сместени рамо до рамо со големите светски брендови, кои сме навикнати да ги гледаме и конзумираме во трговските центри. Овојпат македонските дизајнери се пуштаат во нов економски подем и тоа на домашниот пазар.

Спин

Спин

Младите дизајнери одобруваат голем колективен попуст на своите редовни цени со што се очекува да го привлечат вниманието на домашните купувачи, особено оние кои се свесни за значењето на македонските производи и оние купувачи кои се презаситени од светските комерцијални брендови.

Преплет

Преплет

Лудус

Лудус

Ова е голем подвиг за целиот македонски дизајн сектор! За прв пат во една организирана структура истапуваме на домашниот пазар, доделуваме огромни попусти, сé со цел го доближиме македонскиот асортиман до македонските купувачи. За прв пат се одобрува голем колективен попуст на целиот асортиман. Ова е одличен модел на здружување и знак дека активните дизајнбрендови можат истиот рецепт да го применат и на странските пазари, вели Тамара Георгиевска од компанијатаWe and Nature.

Куфер

Куфер

Армариум

Армариум

Концептуалната продавница во склоп на дизајнцентаротЈавна собаод ноември 2015 ги застапува македонските дизајнбрендови и ги промовира активно во земјата и надвор.

di Brendovi 2016 re

Во рамките на дизајнбазарот се органзирани и работилници за деца, музички настапи, како и изненадувања за публиката.

Влезот на базарот е слободен.

x

Check Also

Колоритна и весела кампања на Долче и Габана за пролет 2017

Во духот на претходните кампањи во последниве две години, Долче и Габана ...