Данче Сиљановска, инструктор за чи гонг во клубот 60 минути

Во клубот 60 минути: Спречи ги болестите на 21-от век со древната кинеска тајна на долговечноста – Чи гонг

Чи гонг е кинеска вештина која во својата суштина ја носи идејата на таоизмот и смислата на егзистенцијата во својата микро- и макро- космичка поврзаност со природата и со универзумот. Изведувањето на лесните и флуидни движења, проткаени со еден совршено бавен и балансиран ритам на дишење, ја раскажува приказната за тајната на долговечноста која се состои во одржувањето на рамнотежата на двете контрастни енергии – Јин и Јанг – а, со тоа, и во постигнувањето на внатрешниот мир и спокојство по кој современиот, модерен човек неуморно трага.

ci 1

Практикувањето на Чи гонгот, кое се реализира со изведување на бавни,  хармонизирани и естетизирани движења проследени со правилно и координирано дишење, овозможува  релаксација на нервниот систем.Така самиот процес на вежбање на оваа вештина претставува еден активен одмор на духот и на телото.

ci 4

Доколку практикантот изведувањето на движењата ќе ги усогласи со длабоки вдишувања и издишувања, со тоа ќе влијае на зголемувањето на кардиоваскуларната ефикасност. Имено, еден од основите позитивни ефекти од  правилното изведување на Чи гонг вежбите се состои во тоа што срцето не трпи никакво дополнително оптоварување и при тоа се овозможува   нормализирање на крвниот притисок.

ci 5

Чи гонгот е вештина во која се остварува комуникација помеѓу умот и телото на едно повисоко ниво. Стресните ситуации и психолошките трауми оставаат последици на телесно ниво за кои ние луѓето најчесто не сме свесни. Но, кога ќе дојдете на час по Чи гонг, првото нешто што го дознавате за себе е слабата координација на движењата и ориентација во просторот. Кога од страна се гледаат самите движења, тие изгледаат префинето, лесно, нежно и флудно, како вода која тече слободно. Окото го прима движењето како лесно, без напор, при што се добива лажна слика дека неговото изведување по пат на имитација е лесно. Првата лекција која се учи на часот по Чи гонг  е  тоа колку телото не ги слуша нашите наредби. Ние точно знаеме какво е движењето кое треба да се изведе, но нашето тело, едноставно, дава отпор.

ci 3

Така, умот е оној кој ја поттикнува работата на телото, но и обратно. Според начинот на кој се учи оваа вештина, старите Кинези ќе кажат „Телото помни дури и кога умот ќе заборави”. Ова ја наговестува втората најважна лекција која ја учи секој кој решил да се посвети на изучувањето на оваа древна вештина, а тоа е „Не е доволно движењето да се изведе правилно, туку неопходно е тоа да се изведе повеќе од десет илјади пати, за телото да запомни, а умот да се одмори”. Мускулите имаат своја меморија, или, поточно, тие се прилагодуваат на одреден тип на движења, и кога ова прилагодување ќе достигне едно оптимално ниво, тогаш тие почнуваат да се одмораат при истите движења за кои претходно се вложувало напор. Како телото сè поефикасно ги совладува движењата, така умот сè повеќе се релаксира. Овој процес може визуелно да се прикаже како возење велосипед, при што едното тркало е умот, а другото е телото, а ние треба да држиме рамнотежа и да се движиме напред.

 

Вежбајте со нас во клубот 60 минути, повеќе информации за термините – ТУКА.

 

x

Check Also

Најдобри сирења за фит форма

Љубителите на сирење, дури и кога е во прашање диетата, нема да ...