Во последните неколку сезони Дизел стана поавангарден и уникатен бренд

„Diesel е бренд познат по џинсот, па затоа производите од тексас се неизбежни секоја сезона. Тука се ултра популарните фармерки, бермуди, јакни, елеци кои доаѓаат најчество со светли нијанси или пак со ефект на избелување кој му дава авангардност на целиот изглед“, вели Јасмина Апостолоска, маркетинг менаџер во Фешн груп, во разговорот за макмода.ком.

3Според листата на Гугл, марката Дизел се најде на трето место на најбарани марки на Интернет во 2013 година. Судејќи според ова, мината година била во знакот на Дизел-манијата. Како производите на овој бренд се прифатени кај нас? 

Брендот Дизел (Diesel) им е познат на македонските купувачи, но во последните неколку сезони целосната визија на брендот почна да се менува, тој стана доста поавангарден и уникатен. Сметам дека нашите купувачи со задоволство го прифатија овој новитет кај брендот и свежината во пристапот како кај дизајнот на парчињата облека така и кај начините за промоција на колекциите.

Jogg_b

Актуелен е проектот на Дизел наречен A-Z of Dance кој вклучува танчери од различни земји. Танцуваат ли и Македонците?

Проектот A-Z of Dance е дел од онаа нова стратегија за промовирање на производите која ја спомнав претходно, а таа е фокусирана на вклучување на различни млади таленти од целиот свет во специјално креаираните проекти на Diesel. Оваа сезона тој проект го зема танцот како медиум преку кој се прикажани својствата на новиот производ на брендот хибридните фармерки jogg jeans. Поради уникатната мешавина од која се направени jogg jeans ја имаат удобноста на спортски производ, а изгледот на уникатен модел на Diesel фармерки, па во нив дури и танцувањето на комплицирани танци како што покажува видеото на A-Z of Dance не претставува проблем. Како дополнување на проектот Diesel побара од младите ентузијасти-танчери низ светот да испратат свое уникатно видео преку социјалните мрежи. Конкретни податоци дали и некој Македонец се пријавил на овој интересен предизвик немаме, но бидејќи сме нација која сака да танцува сигурни сме дека овој производ ќе им се допадне и ќе им прилега на младите луѓе кои се секогаш во акција.

Што ни препорачува Дизел за сезоната пролет/лето?

Diesel е бренд познат по џинсот, па затоа производите од тексас се неизбежни секоја сезона. Тука се ултра популарните фармерки, бермуди, јакни, елеци кои доаѓаат најчество со светли нијанси или пак со ефект на избелување кој му дава авангардност на целиот изглед. Спортските елементи се исто така присутни во форма на маици кои наликуваат на дресови и модни додатоци како ранци и спортски капи, а исто така кај голем дел од колекцијата присутни се принтовите како исписи на маички, но и целосни цветни дезени на облеката.

517141211

Кои бои моментно се форисраат?

Во колекцијата на Diesel тоа се основните бои како белата и црната, индиго, но присутни се и зелената и портокаловата.

242074

На кое парче Дизел облека лично вие не можете да му одолеете? 

Со нетрпение ја очекувам колекцијата на Diesel за есен/зима 2014, оваа сезона всушност за прв пат ќе ја имаме и женската линија во продавницата Fashion&Friends во Skopje City Mall. До тогаш мое омилено парче е овој фустан со ѕвезди кој сметам дека одлично изгледа, уникатен, удобен и нослив во различни прилики.

фустан со ѕвезди, избор на Јасмина Апостолоска

фустан со ѕвезди, избор на Јасмина Апостолоска

 

Ј.К.

x

Check Also

Илјадници посетители го прославија 4-от роденден на Капитол мол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Веќе 4 години по ред Капитол мол е една од главните дестинации ...