Вреди да се посети, Think – House of Furniture: Концептуална продавница за мебел

Скопје го доби првото место во кое што љубителите на добро дизајнираниот мебел ќе можат да се чувствуваат како дома. А, дека во Think – House of Furniture навистина ќе биде така, се потврдува и со нивната филозофија – „Ние сме дом, а не продавница за мебел”.

ar3

ar 8

Think – House of Furniture е првата концептуална продавница за мебел во која посетителите ќе можат да го доживеат мебелот токму онаков каков што сакаат да го видат во својот дом.

ar 5

Овој уникатен простор во кој секој сантиметар е добро испланиран нуди неколку различни соби, а  мебелот во секоја од собите е посебна инспирација за посетителите.

ar 7

Покрај одличните дизајнерски решенија кои можат да се сретнат во Think – House of Furniture, забележливо е и вниманието кое е посветено на функционалноста со која располага просторот и самиот мебел кој се продава. Буквално сѐ што се наоѓа таму, се наоѓа на правото место, a се доживува во вистинското светло.

ar 1

ar 2

ar 4

Необичниот простор на Think – House of Furniture исполнет со топол и пријатен амбиент можете да го најдете на улицата Орце Николов 115 секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот и сабота од 10:00 до 14:00 часот.

www.thinkhof.mk

 

 

x

Check Also

IKEA ја претстави новата колекција STOCKHOLM 2017

Новата премиум колекција од Икеа е насловена Стокхолм 2017, а содржи мебел ...