За ова видео се зборува: Мерил Стрип и Ана Винтур разговараат…

Вчера седнаа на иста маса главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур и славната глумица Мерил Стрип. Не треба да потсетуваме нели, за успехот на филмот „Ѓаволот носи Прада“ од 2006 година кога Стрип ја играше улогата на главна и „опасна“ модна уредничка која потсетува токму на Винтур.

Разговорот на Мерил Стрип и Ана Винтур е снимен по повод најновата насловна страница на Вог за декемвриското издание, на која се појавува Стрип. Двете дами во видеото шеговито алудираат и на филмот кој ги поврза, но третираат и неколку сериозни теми кои моментно се актуелни во Холивуд. Дополнително, се покажа и прилика за промоција на најновиот филм на глумицата во кој глуми со Том Хенкс, а чија премиера се очекува наскоро.

Погледнете го видеото.

x

Check Also

Колекција на костими за капење дизајнирана од Емили Ратајковски

После години поминати во позирање во костими за капење, моделот Емили Ратајковски ...