За уметноста на ноктите и трендовите на нокти со Весна Миланова

„Цветниот дизајн на нокти ќе биде целосен хит за оваа сезона. Од модните писти пак ни доаѓа трендот на забавен француски маникир, наместо класичната бела линија, оваа сезона може да експериментираме со различни бои со кои ќе го направиме францускиот маникир. Тука е и трендот на носење на златно без разлика дали е тоа само една линија, златни точки или пак експериментирање со златна фолија“, обаснува Весна Миланова, техничар и дизајнер на нокти.

ultra look nails

Кои се почетоците на Ultra Look Nails? 

Уште одамна се занимавам со уметност на ноктите (nail art), но не професионално. Пред три години решив дека треба таа љубов кон уметноста за нокти  да ја преточам во бизнис. Мојата пријателка имаше уште одамна салон за убавина, но она што и недостасуваше беше техничар за нокти. Ме повика да се приклучам на нивниот тим и оттогаш почнавме едно прекрасно патување. Посетив неколку курсеви и обуки за да се доусовршам и почнав да го работам она што отсекогаш го сакав.

uln 03
Што се подразбира под
техничар на нокти?
Според дефиницијата техничар за нокти, односно nail techician е личност која се грижи и ги декорира ноктите на клиентите. Но јас мислам дека тоа е нешто повеќе. Секоја жена сака да се почуствува убаво и полна со самодоверба, а новиот маникир таквото чувство го поттикнува кај жените. Многумина ми велат дека по третманот се чуствуваат многу порелаксирани и помоќни. Иако изгледа дека средувањето на ноктите е многу мала работа, сепак има во неа нешто подлабоко кое им дава на жените самодоверба и им става насмевка на нивните лица.
uln 02Запознајте не со постапката на вашата специјалност кога е уметноста на нокти во прашање?
Јас отсекогаш обожавав да сликам, а токму таа страст ја пренесов во сликањето на ноктите. Не се посветувам само на надградбата на нокти, туку еднакво внимание посветувам и на нивното сликање. Секој нокт настојувам да го направам уникатен, секој нокт да носи своја приказна.
uln 01

Со какви техники се служите?
На почетокот започнав да работам само со акрил поради тоа што е многу поздрав за ноктите, затоа што се пече само еднаш во УВ ламба и се вади со топење со ацетон наместо со стругање. Потоа почнав да работам со гел лак, што е всушност на еден начин траен лак, кој изгледа како обичен лак, но трае до две недели. Гел лакот изгледа многу природно и е во моментот најбаран од вработените жени кои сакаат нивните нокти да изгледаат секогаш средено, но не и нападно. Неодамна почнав да работам и со гумен гел, кој е новост во Македонија. Неговата формула е изградена на тој начин што кога ќе се нанесе на ноктот одлично се прилепува на него, не се крши и се вади на ист начин како акрилот, со што се избегнува прекумерното стругање кое може да доведе до оштетување на ноктот, а тоа секако не е она што би сакала да се случи на било која жена.
COVER broj 2 ULTRA LOOK 44NAILSКои се најновите трендови кога е во прашање дизајнот на нокти? 
Трендовите се менуваат од сезона во сезона. За оваа пролет можеме да изделиме неколку трендови. Најпрво треба да го споменеме цветниот дизајн кој ќе биде целосен хит за оваа сезона.unnamedааа
unnamedаџаџаџ
Овој тренд ни дозволува да експериментираме со бои, форми на цветови и да комбинираме повеќе дизајни. Само треба да ја пуштиме нашата креативност. На модните писти можеме да забележиме забавен француски маниктир .
сцсс
Наместо класичната бела линија, оваа сезона може да експериментираме со различни бои со кои ќе го направиме францускиот маникир. Исто така можеме да го забележиме трендот на носење златно.љњер2
Без разлика дали е тоа само една линија, златни точки или пак експериментирање со златна фолија не можеме да згрешиме со овој тренд.
18sfvrze4s93ojpg
Дали Македонките бараат кај вас дизајн на нокти инспирирани од светските ѕвезди?
Секако дизајните на нокти на познатите имаат големо влијание врз изборот на нокти на клиентите. Тие се најчесто барани за посебни прилики, како на пример матурски вечери или свадби. Доста се барани ноктите на Анџелина Џоли  поради нивната едноставност, но и на Кети Пери кои се барани најчесто од младите кои сакаат поинтересни и ‚‚полуди‘‘ дизајни. Исто така барани се и нокти инспирирани од познатите дизајниери меѓу кои и Марк Џејкобс  .
unnamedссс unnamedссас unnamedсс unnamedсдсддад
O
д каде ваквата страст за дизајн на нокти кај вас?
Уште од мала ме исполнуваше уметноста и сликањето ми создаваше огромно задоволство. Отсекогаш бев научена да се стремам кон совршенство иако знаеме дека совршеното не постои, всушност убавината е во малото несовршенство, во тоа секоја слика да биде различна, секој нокт да биде уникатен. Во се што работам вложувам најголема љубов и се што правам правам со страст. Додека работам едноставно не размислувам за ништо друго и целосно се внесувам во работата. Се трудам секогаш да бидам позитивна, затоа што најважно е со каков став работиш и каква енергија шириш околу себе. Доколку дозволиш негативните мисли да те обземат, тоа ќе се одрази и на твојата работа. Се водам по паролата дека како мислиш така дејствуваш, па тоа е причината поради која се стремам секогаш да размислувам убаво додека работам и да им понудам на клиентите едно прекрасно искуство.
COVER ULTRA LOOK NAILS
x

Check Also

Од костими за капење до римјанки – модерно лето со Pull&Bear

Pull&Bear ни носи младешка летна колекција во која доминираат лесните фустанчиња, кратките ...