За успешна диета: Колку авокадо треба да јадеме дневно и кога?

Според истражувањата на др. Меркола, објавени во Нутришн Џурнал, одредена количина на авокадо дневно е препорачлива за губење на килограмите.

av 7

Авокадото содржи 72 отсто вода и 7 отсто растителни влакна, двете важни нешта кога зборуваме за губење на килограмите. Ваквата комбинација, според истражувањата на др. Меркола, им помогнала на испитаниците да се чувствуваат задоволни и сити многу подолго време по ручекот. Ова исто така водело до немање потреба за грицки во периодот за меѓуоброкот.

40 отсто од вклучените во истражувањето се изјасниле дека не се гладни три часа после ручекот, а 28 отсто – дека не се гладни ниту пет часа после ручекот.

Понатаму, истражувањето тврди дека авокадото го намалува нивото на шеќер во крвта. Така, со додавање на  половина авокадо за ручек, ќе спречите да посегнете по храна дури до пет часа по конзумирањето. Дополнително, авокадото го подобрува и варењето на храната, што значи дека ќе чувствувате ситост но не и надуеност и тежина од ручекот.

Препорачливо е авокадото да се зима на ручек

Препорачливо е при диетите половина авокадо да се јаде за ручек

Со додавање на половина авокадо во салатата, спанаќот, морковите, испитаниците добиле подобра апсорпција на алфа каротен за 8,3 пати, бета каротен за 13, 6 пати, а лутеин за 4,3 пати за разлика од оние кои не конзумирале авокадо. Со додавање на авокадо пак во доматен сос, ликопенот се апсорбирал 4,4 пати повеќе. Оттука, се препорачува и половината авокадо да се зема во комбинација со овие четири намирници за најдобри резултати.

x

Check Also

Back to gym! – да се вратиме на здравите навики

Од денес започнува кампањата за поттикнување здрав и активен живот на Polleo ...