Збогум, Дејвид Боуви!

Во својот дом, во 69-та година од животот, на 10 јануари, опкружен со семејството, после храбри 18 месеци борба со ракот, почина рок легендата Дејвид Боуви. Во текот на животот Боуви ги вмеша своите прсти во уметноста, музиката, поп културата и модата на средината на 60-те години, со само 17 години.

bouvi 7

Од првиот момент тој привлече внимание со својот несекојдневен изглед, бескомпромисно бранејќи го од сите оние кои само чекаа пригода да критикуваат, дури и поради една фризура. Во 1964 година го основаше граѓанското друштво за спречување на насилство кон мажите со долги коси. Кога му се смачило да му дофрлуваат на улица и да го навредуваат поради тоа што имал долга коса, 17-годишникот рекол дека тоа повеќе не може да го толерира:

Боуви целиот свој живот изнаоѓаше оригинални начини преку музиката, уметноста и појавата да ги изрази своите внатрешни состојби. Го менуваше имиџот трансформирајќи се во идентитети кои ги преземаше и го формираше стилот согласно со творечката фаза низ која минуваше.

Кејт Мос како Боуви на насловната на Вог, 2011

Кејт Мос како Боуви на насловната на Вог, 2011

Кога на крајот на 60-те години се појави на сцената со жар-црвена коса и нашминкан, во тесни панталони спарени со необични јакни или шарена, речиси женска облека, изгедаше андрогено.Тој беше зачетник на глам рокот, своевиден стил во рок и поп музиката кој ќе го преземат и други уметници.

Боуви како инспирација на Живанши, 2010

Боуви како инспирација на Живанши, 2010

Веќе од почетокот на 70-те години Боуви стана модна икона вршејќи големо влијание на модните движења. Се до последниот ден, беше инспирација на многу модни дизајнери без разлика дали беа тоа колекции наменети за жени или мажи.

x

Check Also

Признание за Ана Сенчук за особен придонес во наставната дејност

  Во дворот на основното училиште ООУ Ј.Х Песталоци во општина Центар ...