Збогум, Мадам Карвен

Француската модна дизајнерка и основачка на модната куќа „Карвен“ почина во својот дом во Париз. Имаше 105 години.

Карвен пролет 2015

Карвен пролет 2015

Омилената креаторка на ситните жени, со слична градба како нејзината, својата модна куќа „Карвен“ ја основаше во 1945 година. Славата ја достигна во времето кога женските креатори можеа да се избројат на прстите од едната рака, меѓу кои и Коко Шанел и Елза Скјапарели. Мадам Карвен создаде модна марка која им дозволува на жените да бидат убаво облечени но да се чувствуваат пријатно и комотно во тоа што го носат. Таа беше меѓу првите дизајнери кои го лансираа стилот „готово за носење“ во 1950 година.

mk3

На нејзините креации имаа големо влијание нејзините патувања низ светот, особено во егзотичните земји.

„Дизајнерите денес за жал мислат само како да ја промовираат својата марка преку креациите. Јас за моите креации не мислев така. Мислев на младите девојки, на младите жени кои ги облекував, дури и на моите манекенки, да ја претстават сопствената убавина до максимум“, објаснуваше Мадам Карвен во едно интервју од 2009 година.

mk2

Освен по женствените колекции, Мадам Карвен беше позната и по креациите за женскиот перонал на парискиот аеродром, линијата на долна облека, линијата венчаници и парфемот  „Ma Griffe“.

x

Check Also

НовоЛото 7/34 збогати тетовчанец за 10 милиони денари

22 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на ...