Жан Пол Готје престанува да се бави со конфекција

Модниот гениј Жан Пол Готје најави дека колекцијата пролет-лето 2015 која ќе ја претстави на париската модна недела ќе биде последна.

Славниот дизајнер објави дека престанува да се бави со дизајнирање на конфекција (прет-а-порте).

jean-paul-gaultier01

– Ќе се бавам само со висока мода, парфеми како и со некои други проекти за кои немав време да експериментирам поради темпото на работа и времето кое го бараат комерцијалните колекции. – изјави Готје.

Секако ни е жал што повеќе нема да имаме шанса да видиме нови колекции од Жан Пол Готје, но нестрпливо ќе ги очекуваме неговите дела во високата мода кои се веќе најавени.  Имено, станува збор за костими специјално изработени за Кајли Миног, за нејзината нова турнеја, како и за победничката на натпреварот за песна на евровозија Кончита Вурст.

madona-jpg20112

Жан Пол Готје продолжува да соработува со музичките ѕвезди. Меѓу другите, костимите на Мадона се токму негово дело.

madonna-cone-bra-jmadonajpg20112

x

Check Also

Од костими за капење до римјанки – модерно лето со Pull&Bear

Pull&Bear ни носи младешка летна колекција во која доминираат лесните фустанчиња, кратките ...