Жорж Ежен Осман, човекот кој го смени лицето на Париз

Жорж Ежен Осман, познат и под името барон Осман, понекогаш и како Хаусман, е познат во светот како најзаслужен за денешниот изглед на Париз.

osman 2Творец е на арондисманите (на кои градот е поделен), негова идеја е главните точки на градот да бидат големи плоштади во кои ќе се влеваат широките булевари, тој ја проектираше Операта во Булоњскиот парк, како и многу други денешни знаменитости на градот, меѓу најпознатите секако Елисејските полиња и плоштадот Етоал. Покрај другото, Осман (Хаусман) е заслужен и за изградба на париската канализација, која во голема мера придонела за унапредување на животот и здравјето на граѓаните на Париз, а тоа се смета и за едно од најголемите достигнувања на оваа епоха во реконструкцијата на денес еден од најпопуларните градови во Европа.

Роден е во Париз( 1809 година) како син на воениот интендент на Наполеон Бонапарта. Прво бил началник на департманот Нерак, а потоа префект на департманите Вар и Јон. Со помош на Виктор Персињ, тогашен министер за внатрешни работи, стигнал до Наполеон Трети и така станал префект на департманот Сена од 1853 до 1870. Од тоа место ја раководел и работата на преуредувањето на градот во времето на Второто царство.

osman 5

Преуредување на Париз

На средината на 19 век, Париз сè уште го имал својот средновековен изглед. Наполеон Трети сакал тоа да го промени и Париз да стане престижна престолнина, па за таа работа го ангажирал префектот Осман, енергичен и методичен човек, кој не бил ни архитект ни инженер, но имал исклучителни способности на организатор. Осман направил ефикасен тим од архитекти и инженери, придавајќи им во тоа време исклучително значење во општеството.

Главната идеја потекнала од тогаш модерните хигиеничари чии теории за циркулирање на воздухот и луѓето следеле по „добата на просветителството“ и епидемијата на колера во 1832. година. Оваа кампања наречена е „Париз се разубавува, Париз расте, Париз станува почист“.

pariz 7

Осман бил заговорник на теоријата што во 17 век се нарекувала Култ на оската и која подразбирала прави линии. Од таа причина, отстранети се некои амбиентални целини, а некои прави линии, односно улици од времето на Луј Четиринаесетти станале „Големи булевари“. Се пробиваат нови авении и булевари од плоштадот Трон до плоштадот Етоал и од Источната станица до Опсерваториумот. Елисејските полиња го добиваат денешниот изглед.

Осман изградил и одреден број паркови и градини за да овозможи создавање свеж воздух. Тоа е случај и со Луксембуршкиот парк, паркот Монсури, итн. Другите веќе постојни површини се трансформираат и преминуваат од статусот на зелени површини во високи места наменети за шетање.

Прописите на тоа време наметнувале многу строги правила во поглед на висината и архитектонскиот стил на градбите. Сите станбени згради личеле една на друга за да се сочува естетиката на целината.

За да ги истакне новите и стари споменици, Осман се послужил со широките перспективи во облик на авении или пространства. Највоочлив пример е плоштадот Етоал, од кој поаѓаат 12 авении, од кои најпознати се Елисејските полиња. Исто така, заедно со инженерот Белграндо, го создал системот на водоводот и модерна мрежа на подземната канализација, а денес постои и туристичка атракција позната под името Les Egouts (канализација), која вклучува и посета на подземниот систем на цевки, тунел и музеј.

На градот ги додал и 11-те околни општини, па бројот на арондисманите се качува од 12 на 20, а буржоаските квартови се концентрираат во неговиот западен дел. Ова преуредување на Париз имало висока цена, а се проценува дека работите на баронот Осман промениле дури 60 отсто од Париз.

osman 1Оспорување и критики

Османовото ангажирање на преуредување на Париз му донело нова функција на сенатор, член на Академијата на убави уметности и орден на витез на Легијата на честа. Меѓутоа, неговата титула на барон била долго оспорувана. Сам во мемоарите објаснува дека титулата почнал да ја употребува по изборите во Сенатот, во 1857, на основа на декретот на Наполеон Први, кој таква титула им доделил на сите сенатори.
И неговото дело е оспорувано колку и титулата, најмногу поради големите жртви што ги причинил и финансиите што биле мошне сомнителни. Дел од населението своето незадоволство го искажува во исто време кога опозицијата ја презема власта. Во 1867 пратеникот Ернест Пикар јавно го прозива на одговорност баронот Осман. Бурни расправии следувале потоа во парламентот, а тие предизвикале контрола на работите што Осман до тогаш вешто ја избегнувал. Го обвинуваат, неправедно, за лично богатење.

Новиот кабинет на Емил Оливие го сменил баронот од функција, кој едно време се надевал дека ќе влезе во владата за да ги реализира своите градителски идеи.

osman 3Откако неколку години живеел во едно повлечено место во близина на Бордо, Осман се вратил во јавниот живот станувајќи пратеник на Корзика. Останува бонапартист, и покрај повторното воспоставување Република. Последните години од животот им ги посветил на работата на своите мемоари, значаен дел во историјата на урбанизмот на Париз.
Барон Осман починал на 11 јануари 1891. Погребен е на гробиштата Пер Лашез во Париз.

Сузана Спасиќ

 

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...