Зимски рекреации: И санкањето „топи“ многу калории

 

Сега кога првиот снег го дочекавме, препуштете се на фитнес активностите на снегот и останете во топ форма.

sank

Иако ви изгледа како забава на снег, санкањето троши дури 362-400 калории на 1 час. Со тоа, санкањето е супер физичка активност не само за децата, туку за сите членови на семејството.

На врвот на зимските активности најпогодни за топ форма се наоѓа нордијското скијање кое топи дури 700 – 800 калории на час, ги активира сите мускули на телото и го зголемува капацитетот на белите дробови.

По него е скијањето кое топи 500-600 калории на 1 час. Сноубордингот пак, топи до 450 калории, а брзото лизгање – до 550 калории.

sank 5

Лизгањето супер ги согорува калориите, а кога на тоа ќе додадеме и дуел со противници (хокеј) потрошувањето на калории се издигнува и до 600 на час.

 

x

Check Also

ПОСЛЕДНО ИСПРАЌАЊЕ: Пилатес-инструкторката Ирина Митевска ќе биде погребана на 31 мај во 15 часот

Денеска на Градските гробишта во Бутел во 15 часот ќе биде погребана ...