Животот е машина за перење

Некој ќе праша која е врската на машина за перење на алишта со поезија или проза, а уште повеќе со краток расказ.

janaБи рекла многу – затоа што животот во сите негови форми, претставува само една обична машина за перење на алишта. Да!  Да да, секако и тоа најповеќе на валкани алишта. Метафората е јасна. Додека пак паралелата помеѓу машина за перење и животот кој го живее еден човек, е пред се во програмите на функционирање.

Една машина за перење на пример работи најчесто на триесет,четириесет, шеесет или девеесет степени во зависност од тоа што се пере. На триесче ставаш сваштарии и од бои, но и од облека. Маици, пижами, блузи, пантолони, здолништа итн. На четириесет исто така ставаш разен спектар на бои но и облека, а може и по некоја долна облека  како на пример гаќи и чорапи. Белите алишта и бела долна облека се пере на шеесет степени, а оние највалканите на комплетно вриеење од девеесет степени. Во целиот процес одлучуваш дали сакаш се да оди на центрифуга или програмот да биде понежен. Центрифугата е детална секако, горе долу, напред и назад. Ако машината е постара дури може и да се расшетува по просторијата каде се наоѓа, од самиот интензитет на центрифугирање. По завршувањето на овој последен процес навистина се има впечаток дека алиштата се измрцварени. Ја немаат свежината што некогаш ја имале. Додуша со секое перење таа полека исчезнува. Затоа некои користат и омекнувач, за да го избалансираат целиот процес на перење, но и да се даде одредена свежина и дополнителна пријатна миризба на тазе испраните алишта. Така по перењето алиштата задолжително се закачуваат на тераса или во двор на жица, со дрвени штипки или пак оние помодерните со шарени. Додека пак оние најсофистицираните имаат направа за сушење на тазе испраните алишта. Некои почесто перат, некои поретко, некои пак и не перат во машина туку перат на рака, но вака така сите си ја переме валканата облека.

Јана Лозаноска

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...