Златко Јовановски ја претстави колекцијата Блад во Виена

На настанот „Macedonia meets Austria“ кој неодамна се одржа во Виена, Австрија, во организација на Паолос Ворлд Дизајн (Paolo’s World Design), беше претставена новата колекција на Златко Јовановски насловена Blood (Крв).

zlatko 38291

„Колекцијата беше составена од 10 модели, повеќето од нив бели со мали сегменти на црно и црвено, додека последниот ревијален фустан беше црвен што всушност го симболизираше насловот на колекцијата. Овојпат се одлучив за почиста естетика, без никакви couture или рачно работени елементи на парчињата облека. Сепак ја имаа мојата препознатлива нота на сексапилност, женственост и уникатност“, вели Јовановски.

zlatko 72929

zlatko 4848

На настанот настапи и македонската оперска пејачка која живее и работи во Австрија, Ирена Крстевска, која беше облечена во креација на Јовановски.

zlatko 789

Во публиката беа и бројни дипломати од Австрија и од Македонија, меѓу кои и македонскиот амбасадор во Австрија Ѓорѓи Филипов и Кире Илоски, амбасадор и постојан претставник на Р.Македонија при ОБСЕ и ОН со седиште во Виена.

zlatko 999

zlatko 678  zlatko 635

zlatko 201

zlatko 111

zlatko 000

x

Check Also

4 модели на сандали кои ги сакаме сега и веднаш!

Сандалите се неизбежни обувки за време на жешкиот период од годината, а ...