Зои Блаж: Имам над 300 чифта чевли!

„Колекционер сум на чевли, имам над 300 чифта чевли, не сум земала никогаш да ги избројам… Кога се чевлите во прашање не ја гледам цената, ако ми се допаѓаат веднаш ги купувам!“, вели младата атрактивна пејачка Зои Блаж.zoi 1

„Можам да кажам дека сум зависна од шопингот. А кога шопингот е во прашање, тогаш први на списокот се чевлите, потоа се фустаните и чантите. Како и секоја девојка сакам да сум секогаш различно и убаво облечена“, ни рече Зои.

Често оди на шопинг за да се поднови со некое парче гардероба. Всушност, тоа го прави многу често. Вели, тоа е така затоа што секогаш смета дека нешто и недостасува во гардероберот. Нешто ново и свежо.

Ќе ја видите во Трговскиот центар или во Сити мол, најчесто во Шевињон, Шантел, Теранова, Бершка, Манго, Страдивариус…

zoi 2 a

„Имам над 300 чифта чевли и не ми е доста од нив! Не сум се сетила никогаш да ги избројам….“, се насмевнува таа.

На прашањето колку најмногу од својот паричник би издвоила за чевли, вели – не повеќе од 5.000 денари.

x

Check Also

Јована Стојменовиќ: Кога има страст ништо не е тешко и никогаш не е здодевно

„Многу луѓе ме прашуваат како можам со години да станувам во пет ...