Зошто ни е потребен витаминот Ц за побрзо слабеење

 

Ц-витаминот е голем сојузник во борбата против килограмите, а тоа го докажаа неколку истражувања. Најдобро е да се внесува преку конзумирање на овошје и зеленчук, преку грејпрфут на пример, или прку пиперките. Но, сепак, за побрзо слабеење треба да го внесуваме и преку витамин Ц таблети. Освен што ќе ви помогне во изградба на витка линија, витаминот Ц ќе ви осигура и посилен имунитет.

vitamin 3

Во која доза и кога?

Препорачлива доза на витамин Ц при диети е 500 мг до 1 грам дневно. Но, земете предвид дека овој витамин телото го користи веднаш штом ќе го прими, па затоа дозата распоредете ја на два до три пати во денот.

Најдобро е да го зимате со оброк, зашто ензимите за варење ја поттикнуваат концентрацијата на витаминот во крвта.

Ја регулира пробавата 

Витаминот Ц одлично ја регулира пробавата, го забрзува организмот и ги топи мастите и така за една третина го забрзува губењето на килограми.

vitamin 9

Ги топи мастите

Делува како катализатор во нашиот организам, на тој начин помага во разлагањето на шеќерот и мастите. Со кознумирање на овој витамин организмот полесно ќе го искористи железото. Затоа секогаш со храната која содржи железо треба да внесуваме и витамин Ц.

Храната богата со витамин Ц помага во согорување на мастите. 500 милиграма витамин Ц дневно ја зголемува количината масти која се согорува со вежбање за 39 отсто.

Го намалува инсулинот

Истражувањата покажаа дека овој витамин го намалува нивото на инсулин во организмот.

Штити од токсини

Ако користиме различни диети или само го намалиме внесот на калориите, а и вежбаме, тогаш доаѓа до топење на мастите но во тој цел процес доаѓа и до ослободување од токсини. Витаминот Ц помага во здравото слабеење на тој начин што ја спречува оскидацијата и го штити организмот од токсини.

Го поттикнува црниот дроб 

Конечно, витаминот Ц помага и на црниот дроб да издржи поголеми напори предизвикани од поголем број на слободни радикали ослободени во текот на губењето на килограмите.

Информирајте се ТУКА за топ листата на намирници кои изобилуваат со витамин Ц.

x

Check Also

Polleo Sport најавувa голема акција на попусти на дел од производите

Една година Polleo Sport во Македонија! На 7-ми мај минатата година најголемиот ...