Зошто ни треба зелениот чај за забрзано слабеење

За да се ослободиме од масните наслаги најважно е да направиме ревизија на своите животни навики. Зелениот чај пак, дополнитлно ќе помогне за побргу да стигнеме до посакуваната цел – витко тело и рамен стомак.

Вежбањето е поефикасно со чаша зелен чај

Истражувањата покажаа дека салото од стомакот побргу се губи кај оние лица кои со вежбање пијат чаша зелен чај отколку кај оние кои само вежбаат. Пожелно би било да се испијат две до три чаши зелен чај дневно.

Богат е со полифенол

Содржи голема доза на полифенол, па оттука е и силен антиоксиданс. Содржи и кофеин кој го стимулира системот за варење и го забрзува метаболизмот.

gt

Го намалува холестеролот

Познат е како одличен намалувач на лошиот холестерол, а го регулира и нивото на шеќер во крвта.

Дава чувство на ситост

Проверено чаша зелен чај прави да се чувствуваме подолго сити. Доколку го пиеме на половина час пред оброк, помалку калории ќе внесеме за време на оброкот.

Стимулира согорување на калории

Уште едно истражување покажува дека одлично е да се пие зелен чај пред физичка активност зашто стимулира согорување на дополнителни калории.

Го елиминира стомачното сало

Истражувањето објавено во Американското списание за клиничка исхрана вели дека испитаниците кои пиеле редовно зелен чај во период од 12 недели загубиле 450 проценти повеќе стомачно сало од оние кои не пиеле. Со тоа ова истражување докажува дека зелениот чај го„погодува“ салото на стомакот.

x

Check Also

H&M и Bershka имаат супер модни парчиња за вежбање

Две „хај-стрит“ модни марки во есенската понуда ни нудат модни парчиња дизајнирани ...