Зошто топ моделот Кара Делевињ заминува од модните писти

Зошто еден фантастично успешен топ модел како Кара Делевињ би се откажал од она за што сонуваат 90% од девојките? Според се, заради тоа што сака да го следи својот сон, да го работи тоа што сака и да ужива во животот. А во тоа не ја спречи ни извонредната заработувачка и фантастичен успех во она што го работеше до сега.

 

cdddd1

Топ моделот кој по најуспешната година ја промени професијата,

За Кара имаме многу пишувано, и секогаш со добар повод, едноставно девојката е суперактивна, толку што понекогаш мора да го користи и приватниот авион на Карл Лагерфелд. Просто не може да замислите како успева да биде на сите модни збиднувања, да сними куп модни филмови, видеа, рекламни кампањи, да се појави на толку насловни страници на најпознатите модни магазини и да се појави на безброј забави, прослави и сл.

cadede66

Кара честопати ја гледаме на црвениот килим

Можеби и оваа преголема активност е една од причините поради кои топ моделот одлучи да замине од пистите. Во интервјуто за Тајмс таа вели:

„Работев премногу. Не одбивав ниедна работа и тоа е очигледно моја грешка… но некој требаше да ме запреа во одреден момент.“

Не дека парите се најважни, но оваа девојка минатата година, со неполни 23 години, заработи околу 15 милиони долари! Тоа пресметано во нормални „плати“ изнесува над 1,2 милиони долари месечна “плата“, или околу 60. 000 долари на ден или речиси 8 000 долари на час.

Кара е и на насловната страница на јулскиот „Вог“,  а во интервјуто проговори и за сексуалната злоупотреба во модниот бизнис. Таа признава дека тоа е присутно и во филмската индустрија, нејзиниот нов животен позив, но во работата на моделите е поизразено.

„За себе можам да кажам дека сум малку и феминистка. Затоа и уште повеќе ми пречеа таквите работи. Но цврсто стојам на свои нозе и ако нечие однесување не ми се допаѓа веднаш ќе му кажам, и на него и на јавноста. Нама да трпам неправди.“

caden6

Кара на насловната страница на најновиот Вог

Во филмскиот бизнис Кара влезе на голема врата, веќе е промовиран првиот нејзин филм Градови од хартија (“Paper Towns“), а оваа година снима уште неколку други.

cdpt

Кара Делевињ во “Фрадови од хартија“

„Како модел воопшто не напреднав како личност. Се чувствував празно“, објаснува таа.

Сепак, таа вели дека сите тешки моменти во модниот бизнис, веројатно требало да се случат и да бидат еден вид подготовка за нејзиниот следен чекор.

Како Кара прави селфи со илјадници фанови

Како Кара прави селфи со илјадници фанови

Стресот на работа како модел влијаел дури и на нејзиното здравје. И се појавила и псоријаза, па морала пред секој настап да се се премачкува со пудри. „Го мразев своето тело, луѓето ме гледаа како да имам лепра!“

Иако признава дека не и било лесно да излезе од „балонот на модниот бизнис“, сепак успеала да истрае на одлуката и сега е пресреќна со она што сега го работи: „Предизвикот во глумата е да го прикажеме ликот реално, за разлика од модниот бизнис каде што требаше да бидеме сосема неприродни пред камерите“.

 

cadeb

Со Малбери чантата со нејзино име

Се надеваме дека на Кара Делевињ и претстои успешна актерска кариера. А тоа и не е толку неостварливо имајќи ги во предвид сите таленти кои оваа девојка ги има.Имено, иако досега беше најпозната како топ модел, Кара изненадува и со умешноста на бит-бокс за која пишувавме, а е и одличен тапанар (видео). Чувството за ритам веројатно и помага и во тоа што е одлична танчерка.

Инаку ја знаеме како многу енергична и духовита, девојка која знае да се шегува и на своја сметка, па освен задолжитениот прекрасен професионален изглед можевме да ја видиме и со најразлични смешни гримаси. Од неконвенционалната Кара дури не беше изненадување и што ја видовме во врска со друга девојка.

cdfunny

Една од смешните гримаси на Кара

Ете тоа е Кара Делевиљ што ја познававме до денес. Со што се ќе не изненадува во иднина ќе видиме, но сигурни сме дека за неа ќе пишуваме уште многу.

caradelevigne155

Кое ќе биде следното изненадување од Кара Делевињ?

 

x

Check Also

Michael Kors‘ Holiday 2017: Празнична колекција (ВИДЕО)

Моделите Тејлор Хил и Роми Стајд ни го носат празничниот дух со ...