Зуландер на насловната на Вог!

Кога Зуландер се појави на модната писта на ревијата на Валентино, сите ги воодушеви. Тој се појави и во серијата на познати лица со пешкири, фотосесија на Марио Тестино. И сега, еве го на насловната на Вог. Заслужено.

zul 1

Пред објективот на Ени Лејбович, позира Бен Стилер заедно со Пенелоп Круз за насловната страница на февруарското издание на Вог. Во фото-сесијата позира во модерни пижами опкружен со топ моделите Џиџи Хадид, Џордан Дан и Џоан Смолс.

zul 8

Одлично е да се види дека Вог покажува смисла за хумор.

zu 09

Со насловната страница, Вог го најавува филмот Зуландер 2 чија премиера е закажана за 12 февруари. Во урнебесната комедија Зуландер е вработен во Одделението за мода во Интерпол и разрешува голема мистерија на серија на луѓе кои умираат правејќи иста гримаса.

x

Check Also

Екстравагантна нова колекција на венчаници од Вера Ванг

Вера Ванг ја претстави новата колекција на венчаници за сезоната пролет/лето 2018. ...