Grouper нуди помош на бизнисите со бесплатни онлајн продавници

Grpouper во соработка со Mastercard ги охрабрува компаниите да се преориентираат кон онлајн пазарот, нудејќи можност за бесплатнo користење на новата платформа Grouper Online Shopping Mall за малите и средни бизниси кои сакаат да пристапат кон соработка во текот на месец мај.

 Grouper Online Shopping Mall е проект на кој работевме напорно изминативе две години се со цел да овозможиме вистински развој и пристап кон најголемиот е-marketplace за секоја компанија, преку отворање на своја онлајн продавница во склop na платформата на Grouper. Заедно со Mastercard, како наш партнер во развојот на е-трговијата во земјава, подготвивме кампања за помош на малите и средни бизниси со цел да ја поддржиме нивната трансформација и искористување на моменталната криза како можност за отварање на нов канал на продажба. Пандемијата никому не му оди во прилог, но со заедничка помош, стратегија и прилагодување на промените, сметаме дека би можеле да излеземе како победници. За таа цел сите трговци кои сакаат да ги продаваат своите производи онлајн, започнувајќи од почетокот на мај ќе имаат можност да ја поднесат својата апликација и да добијат едeн од 30те гратис пакети за онлајн продавници во склоп на Grouper Shopping Mall. Апликацијата е исто така достапна и за сите угостители, како едни од најпогодените во кризата, за коишто обезбедивме 10 гратис пакети за отворање онлајн ресторан за продажба и нарачка на храна во секцијата #ХранадоДома. Покрај ова, отворена е можноста сите останати пријавени компании и ресторани да добијат еден месец бесплатно користење на платформата”- велат од Grouper.mk

Апликациите се отворени заклучно со 20ти мај, а повеќе информации за условите, бесплатните пакети и како да аплицирате за онлајн продавница видете на овој линк, а за отворање на онлајн ресторан на овој линк.

Grouper Shopping Mall е вистинскиот начин како брзо и лесно секоja компанија може да има своја онлајн продавница и дополнителен канал на продажба во склоп на најголемиот онлајн пазар во земјава, без разлика во која индустрија работи, дали веќе има развиен веб сајт или пак само офлајн пордажно место. Предности кои го прават Grouper Shopping Mall комплетно решение за секој бизнис сe:

  • Можноста во најкратко време и со минимум ресурси секоја компанија да има сопствена онлајн продавница
  • Изложување на брендот и продуктите на најголемиот онлајн пазар во Македoнија со преку 240.000 купувачи
  • Нема потреба од програмирање и дополнителни трошоци. Компаниите добиваат готово софтверско решение и имплементиран платежен систем со сертификат за безбедност
  • Лесна навигација и можност за следење на нарачки во секое време
  • Продажба и преку најпопуларната мобилна апликација во земјава со над 150.000 инсталации
  • Корисничка и техничка поддршка во секое време
  • Пристап до Grouper маркетинг платформата со цел користење голем број маркетинг алатки и совети за промоција на своите продукти

Дополнително, овој период на Grouper е актуелна и новата услугата #ХранаДоДома, нaсочена кон угостителските објекти што представува комплетно решение за приклучување на рестораните во онлајн светот вклучлувајќи на едно место платформа за нарачки, промоција, бренд билдинг и достава.

 

 

x

Check Also

Иновативниот уред IQOS отсега достапен и во Битола

Во Битола, во центарот на градот во продажниот објект Парфимерија Шатци е ...