8 безвременски парчиња облека што секоја жена треба да ги има

Модните трендови се менуваат со голема брзина, но и покрај тоа, постојат одредени парчиња кои од сезона во сезона успешно им  се спротивставуваат на сите промени.

kosula 1

Ви ги претставуваме десетте парчиња облека кои треба да се најдат во вашиот гардеробер.

1. Бела кошула – можете да ја комбинирате со здолниште, панталони и фармерки и никогаш нема да згрешите.

2. Тесни фармерки – моделот на тесни фармерки секогаш можете да го носите, а идеален е и за високи потпетици, како и за балетанки.

kosula 2

3.Молив здолниште– тесно, еластично здолниште до или под колена е едно од најпрактичните парчиња за облекување. Без разлика дали се работи за работен состанок, забава па дури и свадба, овој модел секогаш ја истакнува вашата елеганција и сексуалност.

kosula gl

4. Кожна јакна – изнајдете го моделот кој најмногу ви одговара и носете го во било која комбинација.

kosula 4

5. Црно сако – Парче кое секоја комбинација ќе ја направи елегантна, па затоа со право можеме да го наречеме „ моден спасител“. Комбинирајте го со фармерки, панталони, здолниште или фустан.

kosula 3

6. Црна кожена чанта – добрата чанта секогаш се исплати. Овен, што ќе ја користите со години, класичната црна кожна чанта, лесно ќе ја вклопите за секоја пригода.

7. Класичен капут – И покрај тоа што трендовите постојано се менуваат со класичниот капут на дупло закопчување нема да згрешите.

8. Рамни чизми – практични, удобни и елегантни. Рамните чизми без било какви додатоци и принтови се целосен погодок.

М.Р.

 

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...