10 делотворни начини да се ослободите од стресот

Како можете да го подобрите своето расположение на сосема природен начин после еден стресен ден.

stres-2

1. Вдишете етерично масло од лаванда

На мало парче памук капнете неколку капки етерично масло од лаванда, приближете го кон косата и вдишете неколку минути. Мирисот на лаванда моментално ќе ве опушти и ќе ве смири. Ова можете да го употребите и пред спиење, доколку имате проблеми со несоници.

2. Чај од камилица или маточина со мед

Камилицата и маточината имаат дејство кое го опушта мозокот,па дури и по вдишување на мирисот од овој чај ќе почувствувате како напнаоста полека попушта. Маточината е од дамнешни времиња позната во народната медицина како билка која помага при депресија, несоница, нервоза и психички проблеми.

3. Валеријана

Валеријаната е билка која помага при смирување на мозокот и за добар сон. Чајот од валеријана не е лесно достапен за да се најде, но на пазарот се достапни билните таблети, капки и мед со валеријана.

stres-4

4. Купка од лаванда

Додадете во вода за капење десетина капки етерично масло од лаванда или малку свежа лаванда. Ќе почувствувате како вашиот ум и тело ќе се рлаксираат во моментот. Доколку повеќе сакате туш, можете да користите природен сапун од лаванда или гел за туширање со мирис на лаванда или цвеќе.

 

5. Музика од Моцарт

Медицинските истражувања потврдија дека музиката на Моцарт има лековито дејство, помага при закрепнување од болести, ја подобрува концентрацијата и помнењето и го релаксира умот. Дури и билките во домот побрзо растат ако во домот се слуша музиката на Моцарт.

6. Прошетка во шума

Шумата е една од најдобрите природни психотерапија. Мирисот на дрвото и шумските билки, црцорење на птиците, мирот и тишината во шумата го опушта умот и моментално делуваат смирувачки.

7. Освежете го домот со пријатни мириси

Внесете мирисно цвеќе во домот или попрскајте ги просториите со освежувач за воздух.

stres-1

 

8. Цитруси за добро расположение

Може да го подобрите расположението со етерични масла од цитрус. За време на летните месеци може да користите етерични масла на цитрус во дифузерите. Како што се шири мирисот на цитрус низ домот веднаш ќе почувствувате како го подобрувате расположението.

9. Природна купка за стапалата

Топла купка за стапалата со морска сол и етерични масла ќе ви помогне моментално да се опуштите, а покрај тоа ќе им помогнете на вашите уморни стапала да се одморат по напорниот ден. Се што ви треба се топла вода и морска сол. Како додатен ефект  во купката може да додадете и етерично масло, листови од цветот или некоја мирисна билка.

stres-3

10. Филџан млеко со ванила и мускатни ореви

Топло или ладно млеко со ванила и мускатни ореви многу бргу ќе го подобрат вашето расположение, со оглед на тоа дека и двата зачина го опуштаат и подобруваат расположението. Во некои култури каде што алкохолот е непожелен мускатниот орев е главната состојка за добри забави бидејќи го подигнува расположениет слично како и алкохолот.

x

Check Also

Зошто е добро да се консумира сирење и кашкавал?

Правилната исхрана значи здравје, среќа, позитивна енергија и придонесува за благосостојба и хармонија ...