10-дневна диета со риба и зеленчук

За љубителите на рибата и доброто здравје, ова е совршена диета.

Диетата се спроведува десет дена, дава брзи резултати – загуба на три до четири килограми. По кратка пауза, диетата може да се повтори.

Мени  

Појадок-1 до 2 јајца, шолја јогурт (немасен). Потоа, после 15-на минути 1 цитрусно овошје (киви, грејпфрурт, лимон), подоцна може да испиете шолја зелен чај без шеќер.

Вториот појадок е поделен во два оброка – 50 грама риба и чаша топла вода, а после 15 минути – втората порција од истата риба со прилог од зеленчук. Може да користите до две чаши било каков зеленчук освен компир.

Менито за ручек и вечера е исто – пред оброк 2 чаши обична топла вода и 50 грама риба, а потоа 250 грама риба или морски плодови со зеленчук (може да направите и салата зачинета со сок од лимон).

Ако во текот на денот почувствувате „напад“ на глас може да се напиете малку јогурт (немасен). За текот на сите 10 дена може да го менувате видот на зеленчук и риба.

За време на диетата треба да се пие најмалку 2 литра вода дневно, а водата е неопходна и пред секој оброк. После вечерата корисно е за слабеење да испиете чаша зелен чај.

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...