10 хит модели (и комбинации) на костуми за младоженци за 2017

Годинава трендовите на машки костуми за венчавка се навистина посебни. На задоволство на оние кои не ја сакаат монотонијата, во мода е синиот костум и тоа буквално во сите нијанси – од тиркизен, до светкаво небесен до темно син со дезени кои се пак, во друга нијанса на сино. Црниот костум е некако во позадината, а доколку веќе се носи – се комбинира со црвени модни парчиња. Сивиот костум е сосема „аут“, освен ако не е сребрено-сивкаст.

За кројот не се ни размислува ако сте во добра форма – слим фит моделите се апсолутен „ин“!

Инспириајте се од водечките 10 трендови.

Црно-црвена комбинација

Црниот костум треба да има многу детаљи на него, особено сакото, а моделот на панталони е слим-фит. Се комбинира со црвени модни додатоци.

Светкаво-сино

Светкаво синиот костум се комбинира со сребрено и бело.

Повеќе нијанси на сино

Сино како „омбре“, комбинација со што повеќе нијанси на сино.

Сино со многу детаљи

Син костум со дезени на сакото, и со нагласено елече.

Сребрен костум

Заборавете на сивиот костум. Новата елеганција се носи со сребрен фит-слим костум.

Виолетово со сино

Виолетовиот костум се носи со сини модни додатоци и шарена виолетова кошула.

Тиркизно

Тиркизно, сребрено и бело – може слободно да се држите до овие модни правила за комбинирање особено ако материјалите се светкави.

Црно со дезени

За покласичните кои сепак одбираат црн костум, нека се погрижат сакото да има дезени, а вратоврската да биде необична.

Црно со нагласено елече

Уште една варијација на црн костум, класичен, но со некласично елече и вратоврска.

Син плиш

Доколку не сте за светкави материјали, синиот плиш е вистински избор. Навистина изгледа многу елегантно.

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...