8 идеи за велигденска весела декорација на храна

Сакаме велигденската трпеза да ни биде весела, а посебна радост на неа ќе внесеме и со помош на декорирање на храната која ја сервираме.

Не можевме да им одолееме на овие 8 преслатки идеи за декорација кои едноставно се изведуваат.

Полнето зајче

За да го направите ова зајче потребно ви е – 1 француско лепче, 1 мало тркалезно лепче и 1 лепиња. Француското лепче го сечеме на половина и од двете половинки ги правиме ушите на зајчето. На малото тркалезно лепче му додаваме маслинки или суво грозје за да направиме очи и нос, а од целер правиме мустачиња. Средината на лепињата ја длабиме во форма на круг (стомаче), го отстрануваме од неа лебот и потоа ја полниме со претходно подготвената бела крема (може да е павлака со мајонез, таратур салата и слично). Чинијата на која го сервираме зајачето ја декорираме со моркови и карфиол.

dekor 1

Морков 

Од повеќе варени моркови правиме еден голем и впечатлив морков. Морковите ги сечеме на крукчиња и ги редиме во форма на морков (како на фотографијата) во голема чинија за сервирање. Врвот на морковот го декорираме со брокула.

dek 7

Весели јајца

Јајцата кои ни се скршиле при процесот на боење, односно при варењето ги лупиме, ги ставаме во боја за храна, ги оставаме 1 час да отстојат во фрижидер и потоа ги сечеме на половина. Ги отстрануваме жолчките и од нив правиме крем за полнење на белките. Жолчките ги пасираме во тањирче или користиме блендер. Додаваме 2 големи лажици маслиново масло и матиме уште малку.  Постепено додавеме и сок од цеден лимон и на крајот додаваме 3 големи лажици сенф.  Зачинуваме по вкус, мешаме уште еднаш и кремот за полнење е готов.

dek 18

Мајката и пилињата

Во округол сад ставаме едно големо варено јајце (излупено), од суво грозје му правиме очи и клун од морков. Другото варено јајце го сечеме на половина и од него ги правиме двете мали пилиња.
dek 6

Птици во чинија

Уште една интересна декорација со јајца која се прави со помош на морков и црни маслинки (за очите).

dek 767

Тост зајче за најмалите

Инспирирајте се од фотографијата подолу и направете весели тостови за децата.
dek 09

Тукушто испилени

За слатки велигденски пиленца потребно ви е – варени јајца, мајонез, морков, неколку маслинки, листови од зелена салата за деорација. Сварените јајца (чија луспа напукнала при варењето и сега веќе не се во „игра“ за бојадисување) излупете ги и пресечети го горниот дел (врвот) за да изгледа како капа, внимателно без да допрете до жолчката на јајцето. Отстранете ги белите „капчиња“ од јајцата, и со помош на шриц за готвење ставете малку мајонез врз останатиот дел од јајцето. Мајонезот ќе ја претставува главата на пиленцата. Исечкајте ги маслинките, отстранете ја од нив семката, и направете им очи на пиленцата. Морковот сварете го и потоа иситнете го на парченца во форма на тријаголник – тоа ќе бидат клунчињата на пиленцата, и само забодете ги во мајонезот. Вратете им ги на пиленцата „белите капчиња“ и тие ќе заличат како тукушто да се испилиле. Наредете ги пиленцата во сад украсен со листови од зелена салата или рукола.

jajca-11-554x330

Уште една идеја за весело зајче

Од неколку јајца (претходно варени) може да направите и зајчиња. Со помош на чепкалки (прекршени на мали парчиња), црни маслинки или моркови, декорирајте ги белите јајца – направете им очи, уши и мустачиња.

zajak

 

 

 

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...