10. издание на Моден викенд Скопје: Сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои

Десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои.

Моника Алексовска

Моника Алексовска

Фотосесијата за новиот имиџ означи почеток на подготовките за претстојната сезона есен/зима 2014/2015 чие заштитно лице е моделот Моника Алексовска која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Моден викенд Скопје.

Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиотминимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапениминатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

„Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран „Твиги стил“.“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален мејкап – партнер на десеттото издание на Моден викендСкопје.

За трендовите во однос на фризурата , користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио Бубе Студио Ин вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“

Креацијата во која е облечена Алексовска ја потпишува Виктор Цветановски кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

Фотографија – Ани и Дими

 

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...