10 мисли кои ни паѓаат на ум кога купуваме бикини

Во колку реченици од овие 10 ќе се препознаете? Претпоставуваме најмалку во повеќе од пет, а поверојатно дека во сите.

kostim 2

1. Со вакво осветлување во гардеробата и топмодел ќе се чувствува грдо

Научно е докажано дека самото размислување дека треба да пробаме костим за капење ни создава лошо расположение. Можеби и поради тоа што светлото во гардеробата го покажува и  најситниот недостаток на телото.

2. Веднаш после ова ќе почнам со вежбање

Постои ли жена која пробувајќи костим за капење помислила „заслужувам да изедам уште едно парче торта“.

3. Којзнае кој ли не, го пробувал костимов пред мене

Иако костимите за капење треба да ги пробаме над гаќичките кои ги носиме, сите понекогаш се прашуваме дали жените пред нас се држеле до истото правило. Се разбира постои и најлонска заштита на долниот дел од костимот, но сепак…

4. Зошто градникот и гаќичките не можат да се купат посебно

На поголем дел од жените не им одговара истиот број на градник и гаќички. Затоа би било добро сите дводелни костими за капење да се продаваат во „распар“. За жал, тоа трговците не го нудат.

5. Одбивам да купам уште еден едноделен костим

Се разбира, едноделните костими за капење се поблагодарни, но оваа реченица ќе ја изговорите ако сте ослабнале неколку килограми и сега сакате да си ја покажете фигурата во дводелен костим.

kostim 1

6. Колку ли ќе држи оваа врвца

Веројатно носејќи бикини на врзување сте помислиле дали градникот или гаќичките ќе се одврзат. За жал такви непријатности навистина често се случуваат.

7. Во овој костим ќе добијам чудни траги од сонцето

Монокини костимот за капење изгледа многу примамливо, но за жал со него навистина ќе „спечалите“ чудни траги од сончањето.

8. Зошто овој костим е толку скап

Често високата цена на еден костим за капење може да не изненади па се прашуваме што е толку скапоцено во овие две мали парченца облека.

9. Изгледа постојат две групи на костими за капење – за тинејџери и за мене

Барајќи костим за капење кои ќе им одговара, жените често се прашуваат постојат ли модели наменети за посериозни жени, а не само за тинеџјери.

10. Можеби не ми треба нов костим за капење. И така најавија дожд…

Колку и да ви е непријатно чувството да влезете во гардеробата и да го пробате новиот костим за капење, запомнете едно нешто – вашето тело е убаво токму такво какво што е!

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...