За сезоната на постудени денови Манго нуди убава и широка понуда на трендовски чизми за сите вкусови, стилови и прилики.
Акцентот е на црните ниски чизми со дебела потпетица кои се совршени за активност од утро до вечер и многу комотни за носење. Но, секако, тука се моделите и со суперпопуларниот анимал принт, а наш фаворит се кратките чизмички со змијски принт во темно-црвена нијанса.
Не заборавајте дека каубојските чизми се вратија на голема врата како хит за претстојната сезона, а одличен чифт веќе најдовме во Манго.
Во продолжение погледнете ги 10-те фаворити од Манго.