10 модели на плисирани сукњи за есен 2017: Еве каде ќе ги најдете најубавите!

Сукњите со плисиран крој остануваат во тренд и оваа есен/зима, а во колекциите на популарните модни марки ги наоѓаме најчесто со миди должина.

Mango

Лесно се прилагодуваат на различните стилови и на пригодите на кои ги носиме, па можат да направат непретенциозни дневни комбинации исто како што можат да бидат свечени за некоја формална пригода. Секако, идеални се и за работната атмосфера, доколку ги искомбинирате со сако со построг крој.

Оваа сезона носете ги со чизмите-чорапи (тесни чизми) кои се хит, со висина до глуждовите.

Bershka

Плисираните сукњи оваа сезона варираат од црни модели често со ефект на кожа, до нежни романтични нијанси. Но, тука се и моделите во силни бои, кои навистина се многу впечатливи. Најубави од нив ќе најдете во Манго.

Mango

Во продолжение, погледнете ги нашите 10 фаворити за есен 2017.

 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...