10 модели на високи чизми од ZARA за есен/зима 2019

Шпанската модна марка Зара во есенската колекција има повеќе модели на високи чизми, со што ни порачува дека и оваа сезона тие ќе бидат ѕвезди на улиците.

„Фрлајќи“ поглед на првите модели на чизми од Зара дизајнирани за секозоната на студени денови, лесно се заклучува дека високите чизми се главни протагонисти. Секој би може да си најди свој омилен модел според сопствениот стил, зашто дизајните се најразлични – од дебели високи потпетици до елегантни „стилето“ потпетици, од класични модели до модели „чорапи“, па се до популарните „каубојски“ чизми и тредновските со набори.

И кај боите изборот е голем, но сепак доминира белата нијанса. Оние кои сакаат повпечатливи модели, може да одберат чизми во црвена, златна или розова нијанса, а тука се и неизбежните со „анимал“ принт.

Во продолжение, погледнете ги нашите 10 фаворити.

x

Check Also

After Party понуда до -70% во Sara Fashion

Попустите во Сара Фешн по повод 20 годишнината од нивното постоење продлжуваат ...