Пријатни материјали и модерни дизајни – тоа се карактеристиките на фустаните од шпанската модна марка Манго, дизајнирани за летната сезона.

манго, летна колекција 2018
Супер лесни за комбинирање, едноставни и пријатни за носење, новите фустани од Манго ни даваат одличен моден одговор за најразлични пригоди, секако и за денот поминат во работна атмосфера.
Бестселерите на Манго се во знакот на трендовските летни бои, од жолта до портокалова и зелена, ригите се неприкосновени, ленот е многу популарен, а очекувано добро се продаваат и веселите принтеви, моделите со чипкасти детали и плисираните фустани во двобојни нијанси.
Веруваме дека лесно ќе си го препознаете вашиот фаворит за лето 2018 во фотогалеријата.