10 најдобри согорувачи на масти за витко тело

За да стигнеме до фит тело за летниот период, потребно е диетата да ја почнеме од денес. Кога мислиме на диета, мислиме на избалансиран внес на нутритивни вредности, намален број на калории (но, не и драстичен), и зголемен внес на намирници кои се природни согорувачи на масти.

Тоа би значело, не откажување ниту од јагленохидрати, ниту од протеини, се разбира зголемена доза на зеленчук и овошје и отфрлање на штетните шеќери (белиот шеќер, лебот, колачите и алкохолот). Со намален внес на килокалории (ограничен на 1.500 на ден), физичка активност (три пати вежби во неделата) и воведување на здрав режим на исхрана, не ни се потребни строги диети за да дојдеме до посакувана форма на телото. Особено, не ни се потребни брзи диети после кои, подеднакво брзо, штом престанеме да ги држиме, ги враќаме килограмите.

Кои се најдобри природни согорувачи на масти кои треба да ги вклучиме во секојдневната исхрана? Еве ја листата на топ 10.

Туна

Од протеините високо на листата на најдобри согорувачи на масти е туната. Може да ја конзумирате и во конзерва (исцедете го маслото од неа). Доволно е да ја замените стандардната вечера со порција зелена салата со туна и за брзо време ќе се ослободите од надуеностите.

Лосос

Изобилува со омега 3 масни киселини кои директно влијаат на разградување на масните клетки. Внесете го барем еднаш неделно на менито за ручек, во комбинација со свеж зеленчук.

Јајца

Најдобрата протеинска намирница и одличен сојузник во слабеењето. Обидете се во одреден временски период (две -три недели), појадокот да го лимитирате на јајца подготвени по ваша желба (со печурки, со спанаќ, со авокадо).

Грејпфрут

Најдобро овошје за топење на масните наслаги на стомакот. Воведете го како задолжителна намирница за појадок или за меѓуоброк. Доколку имате висок крвен притисок, грејпфруот не се препорачува. Во тој случај, заменете го со цеден лимон.

Ананас

Уште една овошка е вискоко рангирана меѓу согорувачи на масти. Одличен меѓуоброк, особено ако е свеж, но може и од конзерва. Ограничете го неговиот дневен внес на три-четири тенки кришки.

Авокадо

Супер намирница за топење на мастите. Внесете го во секојдневната исхрана како додаток во појадокот, или во салатата за ручек. Со оглед на неговата висока калорична вредност, ограничете го внесот на авокадо на половина авокадо во денот.

Овес

Според најголем број на нутриционистички листи, совршен согорувач на мастите. Се препорачува како каша за појадок (најдобар е во комбинација со кокосово млеко-уште еден екстремен согорувач на масти, или млеко од соја). Дополнително, долго ќе ве држи сити.

Брокули

Внесете ги како прилог во секое мени колку можете почесто. Заситуваат, имаат многу малку калории и влијаат на разградувањето на мастите. Кога ги варите, внимавајте тоа да биде најмногу 5 минути за да не ја загубат својата вредност.

Лути пиперчиња

За оние со забавен метаболизам, чилито е најдобар сојузник во забрзувањето на метаболизмот, регулирањето на пробавата и секако одличен зачин за намалување на масните наслаги.

Бадеми

Полни со влакна и протеини, бадемите ќе помогнат да се чувствувате сити во подолг период. Конзумирајте дневно за меѓуоброк по шака бадеми (околу 24 бадеми). Директно влијаат на разградувањето на мастите.

Зелен чај

Проверена напивка за топење на масните наслаги на подолг период. Зелениот чај успева и да го забави создавањето на нови масти. Пијте од него барем два пати во денот. И без диета, со редовно конзумирање на зелен чај ќе трошите 80 калории дневно повеќе, само од него.

x

Check Also

Пет најздрави замени за шеќер

Шеќерот не само што е главен виновник за наталожување на килограми и ...