10 најдраматични изгледи од миланската модна недела

Ако постои нешто што Италијанците го сакаат повеќе од карпачото, тоа е малата драма. За среќа, миланската модна недела изобилуваше од драмтичност.

Стела Џин

Стела Џин

Најочекуваната ревија на неделата беше, без сомнение, ревијата на Гучи, од каде замина Фрида Џанини, а на нејзино место Алесандро Микеле дебитираше со својата прва женска колекција. Поезијата ја означи новата Гучи девојка, која помалку или повеќе е ексцентрична, но во секој случај е многу романтична.

Гучи

Гучи

Во меѓувреме, Питер Дандас, креативниот директор на Емилио Пучи,  неофицијално рече „аривердерчи“ со криптично финале во кое го вклучи целиот свој дизајнерски тим.

Емилио Пучи

Емилио Пучи

Долче и Габана пак преку фантастична ревија покажаа дека италијанските мажи си ја сакаат мама. Нивната ода за мајчинство, заврши со мини-ми модели на пистата, а самата ревија стана главна тема за разговор во градот.

Ако се ова (и многу повеќе) сте пропуштиле, погледнете го нашиот избор на 12-те најдраматични изгледи од миланската модна недела за есен 2015.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...