10 најефикасни диети избрани од страна на нутриционистите

Најдобра диета за 2014 година е т.н. DASH (Dietary Approaches to Stop Hypertension) диета, која го регулира крвниот притисок, оценија нутриционистите.  На основа на анализите, тие направија список од 32 најздрави диети кои ги објави Ју-Ес Њуз (US News), а ние ви ги пренесуваме најдобрите десет.

dieta 1 1.  DASH диетата го регулира крвниот притисок, а основната идеја е да се ограничи внесувањето на солта и маснотиите, особено заситените киселини. Калориското внесување се одредува по староста и физичката спремност.

2. TLC диетата (терапевтска промена на животниот стил) се темели на производите кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го намалуваат крвниот холестеролот. Изобилува со производи кои се богати со влакна и сложени јаглени хидрати. Подразбира мени со изобилство на овошје, зеленчук и интегрални житарки, како и млечни производи со ниска масленост, риби и живинско месо. Програмата ја вклучува и редовната физичка активност – барем 30 минути на ден.

3. Диета на клиниката „Мајо“. Менито изобилува со овошје и зеленчук. Калориите не се сметаат, додека експертите проценуваат дека помага во одржување на посакуваната тежина. Суштината на оваа диета се состои во правилната исхрана на клиниката „Мајо“, со акцент на видот на производот, а не на количеството.

4. Медитеранска диета. Богата е со здрави маснотии (маслинки, риби), а карактеристична е по многу малиот внос на заситени и лоши маснотии, како и храна богата со холестерол. Основата на оваа диета е медитеранската пирамида на исхрана која е многу слична на класичната прехранбена пирамида.

5. Диета „Гледачи на тежина“. Оваа диета во која освен слабеење истовремено овозможува и уживање во храната и комбинирање на производите по ваша желба. Единствено правило до кое треба да се придржувате се одреден број на бодови на ден. Имено, секој ден е дозволено да јадете храна во вредност на бодот од тој ден, кој пак зависи од вашата тежина, односно од тоа колку килограми сакате да изгубите. Бодовите се сметаат по калориската и нутритивната вредност. Важен дел од програмата ја сочинува посебната поддршка каде членовите еднаш неделно делат информации за изгубените килограми и здравите навики.

Woman dangling fish towards her mouth 6. „Флекситаријанска“ диета. Оваа диета ја споредуваат со вегетаријанската диета, бидејќи акцентот е ставен на овошје, зеленчук, житарки и производи од растително потекло. Иако се исфрлаат животинските протеини, месото не е потполно исклучено.

7. „Волуметрикс“ диетата наменета е за луѓето кои тешко се придржуваат на ригорозните диети и не се навикнати на мали порции. Се темели на производи со ниска енергетска густина. Значи, наместо да јадете храна богата со маснотии кои ќе ве заситат, но и зголемување на внесените калории, подобро е да го задоволите гладот со поголеми количества на зеленчук, односно производи со ниска енергетска густина.

8. Диета „Џени Крег“ се заснова на едноставната и разноличноста на исхраната. Нема внимавање на калориите, јадете готова храна и тоа во замрзната форма. Диетата, всушност е комерцијална програма на која работат консултанти и контролирани порции, за да помогнат на лицата во слабеење и поздрава исхрана.

9. Диета „Најголем губитник“ се основа на ниско-калорична исхрана. Се препорачуваат четири порции овошје и зеленчук, три порции протеини, две порции житарки и една порција масна храна. Диетата пред се се однесува на губење на тежината.

10. Диета „Орниш“. Се состои од три дела –  храна која секогаш би требало да се јаде, храна која повремено треба да се јаде и храна која би требало да се избегнува. Се базира на ниско внесување на маснотии, а целта на овој план на исхрана се слабеењето, превенцијата и контролата на срцевите болести.

 

x

Check Also

Секој себеси си „ги создава“ болестите, a секоја негативна енергија предизвикува болест

Теоријата дека секој себеси си „ги создава“ болестите, веќе не е само ...